Израел и Либан во следните неколку часа се очекува да потпишат примирје, Хезболах не учествува

September 26, 2024
1 min read

САД, Франција и другите сојузници повикаа на итен прекин на огнот од 21 ден за да се овозможи преговори во конфликтот меѓу Израел и Хезболах.

Во заедничката изјава, договорена на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, се вели дека неодамнешните борби се неприфатливи и претставуваат неприфатлив ризик од поширока регионална ескалација.

„Повикуваме на итен 21-дневен прекин на огнот долж либанско-израелската граница за да се отвори простор за дипломатија“, се вели во соопштението и се додава:

„Ги повикуваме сите страни, вклучително и владите на Израел и Либан, веднаш да прифатат привремен прекин на огнот“, се додава во соопштението.

Високи американски претставници рекоа дека очекуваат договор за прекин на огнот да биде постигнат „во следните неколку часа“ долж израелско-либанската граница.

Зборувајќи со новинарите доцна во ноќта за време на итен телефонски брифинг, претставници на американската администрација рекоа дека макотрпната дипломатија зад сцената резултирала со близок договор меѓу двете страни, пишува Скај Њуз.

„Примирјето ќе трае 21 ден по Сината линија (линијата на разграничување што го дели Либан од Израел и Голанската висорамнина), изјави амњериканскиот претставник.

„Во текот на тие 21 ден, страните ќе преговараат за можно решение на конфликтот што опстојува по нападот на Хезболах на 8 октомври и ќе се обидат да постигнат сеопфатен договор по Сината линија што ќе им овозможи на жителите да се вратат во своите домови во Либан и Израел“.

Официјалниот претставник нагласи дека овој предлог за прекин на огнот се однесува само на северната граница и не ја вклучува Газа, каде што продолжува израелската воена офанзива против Хамас, но дека паузата во борбите меѓу Израел и Хезболах ќе создаде „простор“ за напредок во Газа.

„Обезбедува одредено време и простор да се обидеме да постигнеме договор во Газа, по линијата на договорот за заложници за кој разговаравме“, рече американскиот функционер.

„Сметаме дека, без оглед на тоа што се случуваше на бојното поле во последните неколку дена, моментот за постигнување дипломатско решение е сега“, додаде тој.

„Најавивме 21-дневен прекин на огнот долж израелско-либанската граница. Успеавме да добиеме значителна поддршка од Европа, како и од арапските земји… важно е војната да не се прошири“, коментира Бајден.

Официјални лица рекоа дека Хезболах нема да биде потписник на примирјето, но веруваат дека либанската Влада ќе го координира договорот со групата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерот Мисајловски на средби во Пентагон

Следно

Инцидент кај гимназијата „Никола Карев“: Врсници претепале 17-годишно момче

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop