Израел го запре 70 отсто од водоснабдувањето на Газа

April 5, 2025
1 min read

ГРАД ГАЗА (АА) – Израелската војска денес го запре водоснабдувањето од израелската компанија Мекорот кон Појасот Газа, со што практично се прекинаа 70 отсто од вкупното снабдување со вода во енклавата, јавува Анадолу.

Според портпаролот на Општина Газа, Хосни Механа, исклучувањето влијае на главниот цевковод лоциран во населбата Шуџаија во источниот дел на градот Газа, каде што израелските сили спроведуваат воена операција од четвртокот.

„Причините зад прекинот се непознати, но ние се координираме со меѓународните организации за да провериме дали цевководот е оштетен поради силното израелско бомбардирање во подрачјето“, изјави Механа за Анадолу.

Додаде дека прекинот можно е да е предизвикан или од директна воена активност или намерна политичка одлука на израелските власти.

„Без оглед на причината, последиците се страшни. Доколку протокот на вода од Мекорот не продолжи наскоро, Газа ќе се соочи со целосна криза за вода“, предупреди Механа.

Појасот Газа, кој веќе страда од континуиран недостиг на чиста вода поради долгогодишната блокада, колапс на инфраструктурата и контаминација на подземните води, сега се соочува со ризик од опсежна дехидрација со понатамошно влошување на хуманитарните услови.

Над 50.000 Палестинци се убиени во Газа во воената офанзива на Израел од октомври 2023 година. Воената офанзива продолжи во март по речиси двомесечниот прекин на огнот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во моментов има 9.200 – на Македонија и требаат околу 15.000 медицински сестри

Следно

Јувентус го раскинува договорот со Милик

Latest from Blog

Ѓорѓиевски најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје. „Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и

Божиновска: Повисоки плати за поефикасна и одговорна администрација во Министерството за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално го потпишаа поединечниот колективен договор со кој се предвидува

Коњановски: Широк сокак ќе добие европски изглед

На денешната седница на Советот на Општина Битола свое обраќање имаше градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Во продолжение интегрално го објавуваме неговиот говор. „Како Општина сериозно и темелно ги решаваме проблемите во
Go toTop