Израел го проширува военото присуство во јужниот дел на Сирија со 10 бази, жителите се раселени

July 7, 2025
2 mins read

ДАМАСК/ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија последните три месеци воспостави шест нови бази во јужните сириски провинции Кунејтра и Дараа, дополнително проширувајќи го своето воено присуство прекршувајќи го Договорот за раздвојување од 1974 година, по падот на режимот на Башар ал-Асад, јавува Анадолу.

Веднаш по падот на режимот Израел ги интензивираше воздушните напади низ Сирија и ги прошири своите воени операции надвор од окупираната Голанска Висорамнина и во демилитаризираната тампон-зона – област прогласена за неутрална според договорот склучен по Војната на Јом Кипур во 1973 година.

Базите што ги изгради Израел вообичаено се наоѓаат во близина на стратегиски ридови и крстосници на главни патишта, особено оние во руралниот дел на Кунејтра, кои се дизајнирани да ги надгледуваат блиските села.

По падот на режимот на Асад, Израел прво изгради бази во рамките на тампон-зоната во селата Џубата ал-Хашаб, Курс ал-Нафал и Ал-Кахтанија во Кунејтра, како и една надвор од зоната во селото Квдана.

Последните три месеци дополнителни бази беа воспоставени во селата Ал-Шаџара, Мааpија и Абидин во провинцијата Дараа, како и во Тулул ал-Хумр, Ал-Хамидија и близу браната Мантара во Кунејтра, што претставува континуирано прекршување на договорот за раздвојување.

Со ова вкупниот број израелски воени бази на југот на Сирија достигна 10 од падот на режимот.

Базата во Тулул ал-Хумр сега е најблиска израелска воена база до Дамаск, само 40 километри од сириската престолнина.

Најголема база во регионот останува онаа во Џубата ал-Хашаб.

– Илјадници раселени поради уништени домови

Сè поголемото воено присуство доведе до масовно раселување. Околу 6.000 луѓе побегнале од селото Ал-Хамидија откако израелската војска таму воспоставила база.

Израелските војници пристигнале ноќе и урнале 15 куќи, сведочи Мухамед Али, татко на три деца, кој бил раселен од Хамидија.

„Заминавме само со личните предмети.“

„Дојдоа ноќе за никој да не биде сведок на нивните злосторства. Како народ на Кунејтра, отсекогаш сме биле угнетувани – прво од Асад, сега од Израел. Сè што можам да кажам е: ‘Некогаш тука имав дом’.“

Али вели дека израелските војници им рекле на селаните дека ќе се вратат за три дена. „Поминаа шест месеци.“

– Уништени и запленети земјоделско земјиште и шуми

Мухамед Абу Фахид истакнува дека израелските сили оштетиле околу 2.000 дунами (приближно 500 хектари) земјоделско земјиште со копање ровови и окупирање области надвор од договорената тампон-зона.

Условите за живот во Ал-Хамидија се очајни, додаде тој.

„Израел само еднаш или двапати дистрибуираше помош. Луѓето имаат потреба. Отворија мала клиника, но лекувањето го вршат Лекари без граници.“

„Сè што сакаме е да живееме, да ги растеме нашите деца, да ја обработуваме нашата земја и да имаме пристап до вода од браната“, рече тој.

Басел Осман од селото Кан Арнабе истакнува дека израелските сили уништиле шума стара со векови.

„Каде е меѓународната заедница?“, запраша Осман. „Тука животот е запрен. Обновата и туризмот се парализирани.“

– Стравот од безбедносна закана го ограничува движењето на локалните жители

„Луѓето не можат да излезат од своите домови откако ќе се стемни“, вели Ахмет Киван од Џубата ал-Хашаб.

„Израел ја заплени обработливата земја – главен извор на приход за локалното население. Економските услови се влошуваат. Никој не се движи бидејќи не се чувствува безбедно.“

Киван ја обвини меѓународната заедница за рамнодушност.

„Организациите за човекови права мора да дејствуваат.“

Мухамед Мериуд, исто така, од Џубата ал-Хашаб, изјави дека израелските сили рутински поставуваат привремени контролни пунктови и спроведуваат рации.

„Им го оневозможуваат пристапот на земјоделците до нивите, ги уништуваат шумите, упаѓаат во домовите и ги приведуваат младите луѓе“, рече тој.

„Присуството на израелските сили го плаши целиот регион. Нивниот влез мора да се забрани.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Земјотрес во Валандово, се почувствувал и во Струмица

Следно

Земјотрес во Струмица и Валандово

Latest from Blog

Пожарот во Чучер Сандево активен и надвор од контрола, со воздушна интервенција ќе се продолжи рано сабајле

Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите капацитети се

Општина Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите

Поради шумските пожари кои веќе два дена го зафаќаат подрачјето на Чучер Сандево, денес на вонредна седница на Општинскиот совет беше донесена одлука за прогласување вонредна состојба на територијата на општината. Градоначалникот

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Кампот „Мистик“ објави дека 27 ученици и воспитувачи ги загубиле животите во поплавите во Тексас. – Нашите срца се скршени за семејствата кои ја доживуваат оваа незамислива трагедија. Нашите молитви се со

Општина Чучер Сандево бара прогласување на вонредна состојба

Општината Чучер Сандево свика вонредна седница – бараат од владата да прогласи вонредна состојба во општината поради пожарот кој се шири во населените места Глуво, Чучер, Кучевиште и Блаце. Според градоначалникот на

Притвор за скопјанец – најпрво украл возило, потоа извршил грабеж во угостителски објект

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Одземање моторно возило по член 242 став 1, како и – Тешка кражба
Go toTop