Израел го одби барањето на УНРВА за влез на гориво во Газа

October 25, 2023
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелската војска синоќа го одби барањето на Агенцијата на Обединетите нации да дозволи влез на гориво во блокираниот Појас Газа додека траат воздушните напади врз палестинските територии, известува Анадолу.

„Горивото нема да влезе во Газа. На Хамас тоа му е потребно пореди неговата оперативна инфраструктура. Хамас може да го врати горивото што го украде од болницата на УНРВА“, соопшти портпаролот на израелската војска, Даниел Хагари, пренесува весникот „Хаарец“.

Агенцијата на ОН за палестинските бегалци (УНРВА) вчера предупреди дека активностите во Појасот Газа ќе престанат в среда навечер доколку не се достави гориво во енклавата.

„Активностите во Газа ќе бидат запрени утре доколку не добиеме гориво“, наведоа од УНРВА.

Израел ја бомбардира Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври, ставајќи ја целата енклава под блокада, поради што 2,3 милиони жители се со малку вода, гориво и медицински материјали.

Израелската војска продолжи со своите интензивни напади врз Газа, во кои уништи цели квартови.

Најмалку 5.791 Палестинец ги загубија животите во израелските напади на Газа, а повеќе од 1.400 Израелци загинаа во нападите на Хамас, од 7. октомври досега.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Детската болница Козле прераснува во „Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје

Следно

ЦУК: Вчера 10 пожари на отворено, сите се изгаснати

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop