Изолирано амазонско племе забележано во близина на место за сечење дрвја во Перу

July 17, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Десетици членови на племето Машцо Пиро, за кое се верува дека е најголема група на Земјата без контакт со остатокот од светот, биле забележани во близина на место каде што се сечеле дрвја во прашумите на Амазон во југоисточниот дел на Перу, известува Анадолу.

Срвајвал Интернешнал, организација за домородни права, откри дека членовите на племето Машцо Пиро биле забележани во близина на местата на кои активно се сечат дрвја во југоисточниот дел на Перу.

Ова поттикна итни повици за заштита на домородното земјиште и укинување на дозволите за сечење дрвја во тоа подрачје.

Неодамнешните фотографии прикажуваат повеќе од 50 члена на племето Машцо Пиро во близина на селото Јине во регионот Монте Салвадо, а властите пријавија посебна група од 17 припадници на ова племе во близина на Пуерто Нуево.

Тоа предизвика загриженост поради влијанието на сечењето дрвја на тоа подрачје и начинот на живот на племето.

Организацијата Срвајвал Интернешнал ја повика перуанската Влада да го спречи сечењето дрвја и да ја заштити територијата на племето Машцо Пиро.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неостварен олимписки сон – загинати украински спортисти

Следно

Вучевиќ: Проектот „Јадар“ вратeн во почетна фаза, но тоа не значи и дека ќе се ископува литиум

Latest from Blog

Битола веќе на терен – инфраструктурни проекти пред официјалната градежна сезона

Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона. Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е
Go toTop