„Според сознинјата, од страна на мајката имало продаден стан, и дека средствата од тој стан биле мотив на изнудата, но сите овие работи ќе ги провериме во текот на постапката“, рече обвинителот Гаврил Бубевски на денешната прес-конференција поврзана со случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

Мајката, според обвинителот, не добила никакви уцени, закани или барања. Таа во 8:35 го пријавила исчезнувањето, а таткото во 11 часот. Било пријавено дека се појавила на училиште, иако од дома тргнала.

Бубевски кажа дека девојчето било грабнато во влезот на зградата.

„Таткото учествувал во некакви насоки кога девојчето ќе излезе само, кога би можеле да го очекуваат да се изврши тоа кривично дело. Таткото имал одредена комуникација со лицето кое не е тука, и дека двајцата од тројцата осомничени кога го прашале тоа лице, кажало дека тие сознанија ги имал од таткото на девојчето“, вели Бубевски.

Таткото до моментот на прес-конференцијата ги негирал ваквите сведочења на приведените лица.

Убиството го изврпил Љупчо Палевски Палчо. По него се уште се трага. Се знае дека на 30 ноември ја напуштил државата.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.