Изложба на „олдтајмери“ во Тетово – руска Лада, германски Фиат Балила од 1932 година и Буба

November 10, 2024
1 min read

Плоштадот „Илирија“ во Тетово беше преполн со класични автомобили. Изложбата на „олдтајмери“ не беше ограничена само на домашни учесници, туку и на автомобилски клубови од Косово. Иако ваква манифестација се организира за првпат во Тетово, претседателот на клубот за стари автомобили „Ретроклуб Тетово“ изрази надеж дека оваа иницијатива ќе прерасне во годишна традиција.

„Идеја  за да ја одржиме оваа манифестација денеска во градот Тетово е поврзана со тоа што поседуваме стари ретро автомобили, наследени од нашите родители и сме учествувале на многу места, на собири. Оттука дојде идејата да имаме свој клуб како тетовци“, вели Исмаил Зејнели.

Најстариот автомобил, Фиат Балила од 1932 година, беше за првпат изложен во Македонија и сè уште е во возна состојба. Овој автомобил беше користен и за снимање на првата македонска комедија „Тивко лето.“

Назми и Насер од Синичане ја изложија својата руска Лада и познатата германска Буба.

„Станува збор за руска лада од 1979 година. Ја купив пред 2 месеци. Се што ви треба е волја да ги сакате старите автомобили и ќе успеете. Ова повеќе ме привлече, повеќе ми се допадна“, вели Насер Исмаили.

„Се работи за буба Волсфагент од 1972 година, стара 52 години, 2000 метри кубни, германско производство. Комплет е со свои делови, само моторот е поправен, други работи не се потребни. Го имам овој автомобил веќе три години и верувам дека ќе го задржам“, вели Нази Ибиши.

Манифестацијата привлече голем број посетители и автомобилски клубови од Косово, кои ги изложија своите возила. Следната година, манифестацијата ќе се одржи за време на летните настани во чест на иселениците. Денешната изложба е поддржана од општина Тетово.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двајцата избегани од затворот во Куманово не стигнале далеку, пронајдени се во Радовиш

Следно

Голем шумски пожар на Беласица

Latest from Blog

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од
Go toTop