Излезните анкети го потврдија успехот на десницата на европските избори

June 9, 2024
3 mins read

Екстремната десница освои најмногу гласови на изборите за Европскиот парламент во Австрија, а во Германија и Холандија го зазеде второто место, покажуваат излезните анкети.

Во земјите-членки Европската унија (ЕУ) денеска (9 јуни) заврши гласачкиот циклус за европските избори, кој започна пред три дена. Изборите се одржуваа во различни денови, а на 9 јуни се гласаше во најголем број земји.

Со околу 30 проценти од освоените гласови, опозициските демохристијански партии во Германија, ЦДУ и ЦСУ, се јасни победници, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АФД) е на второ место, покажаа првичните излезни анкети.

Со 84,4 милиони жители, Германија е најголемата членка на Европската унија (ЕУ) и нејзините 65 милиони гласачи избираат 96 членови на Европскиот парламент.

Резултатите од излезните анкети во Австрија, пак, покажуваат дека екстремно десничарската Партија на слободата има најмногу гласови, односно околу 27 отсто.

Втора е конзервативната Австриска народна партија, а трети се социјалдемократите со 23 отсто.

Во Холандија, според излезните анкети, најмногу гласови доби коалицијата на Зелените и социјалистите, околу 21,6 отсто, додека десничарската Партија за слобода е втора.

Изборниот процес за нови пратеници за идниот петгодишен мандат на Европскиот парламент (ЕП) започна во четврток, на 6 јуни. Тогаш гласаа граѓаните на Холандија.

Во петокот на 7 јуни се гласаше во Ирска и Чешка, а изборите во Чешка продолжија и следниот ден.

Во саботата на 8 јуни гласаа граѓаните во Латвија, Малта, Словачка и Италија.

Денеска, 9 јуни, изборите се одржаа во: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Литванија, Луксембург, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Шпанија и Шведска.

На целата територија на Европската Унија право на глас имаа околу 370 милиони граѓани.

Растот на десницата

Сите анкети во пресрет на избори покажуваа дека во новиот состав на Европскиот парламент ќе има значително поголем број пратеници кои доаѓаат од десничарските партии.

Годинава право на глас на европските избори имаа 20 милиони нови гласачи. Сепак, гласањето на младите нема нужно да го забави растот на десницата.

Според анкетата на Фајненшл тајмс, околу една третина од младите француски и холандски гласачи помлади од 25 години, како и 22 отсто од младите германски гласачи, се за екстремната десница.

Без разлика на растот на десницата на овие избори, очекувањата се дека таа нема да може да формира мнозинство во ЕП.

Досегашните анкети покажаа оти традиционалните партии од десницата и левицата од центарот, односно Европската народна партија и европските социјалдемократи треба да го задржат приматот, иако со многу послаби резултати од досега. Вистинската битка е за третото место на кое претендира екстремната десница.

Распределба на мандати

Бројот на претставници што секоја земја ги има во Европскиот парламент се определува според големината на нејзиното население.

Според тоа, најмногу европски претставници ќе има Германија – 96, потоа Франција – 81 и Италија – 76 пратеници. Најмалку, пак, ќе имаат Малта, Луксембург и Кипар – по шест.

Избраните пратеници, зависно од нивната ориентација, потоа се групираат околу европските политички групи. За да постои една политичка група во парламентот, таа мора да има најмалку 23 претставници кои доаѓаат од најмалку седум земји на ЕУ.

Во пратеничкиот состав во заминување има седум такви групи. Не е исклучена можноста во новиот Европскиот парламент да има повеќе.

Што следува по европските избори?

Иако граѓаните на Европската унија непосредно на избори гласаат само за европратеници, резултатите од нив ќе се рефлектираат во процесот на назначување на шефови на клучните институции на ЕУ: Европската комисија, Европскиот совет и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешната политика и безбедноста.

Нив ги избираат шефовите на држави и влади на ЕУ, а именуваните политичари треба да бидат од редовите на партиите што добиле најмногу гласови на изборите.

Веднаш по завршувањето на изборниот процес, лидерите на земјите од ЕУ ќе ја започнат дискусијата за изнаоѓање прифатливи имиња од редовите на европските политичари кои ќе ги водат институциите на ЕУ во следните пет години.

Во текот на јуни ќе се одржат два самити на ЕУ и тоа е моментот кога според идеалното сценарио треба да се постигне договор за нови или стари имиња на овие позиции. Урсула фон дер Лајен се обидува да добие уште еден мандат на чело на Европската комисија – извршната институција на ЕУ.

Сепак, дури и кога лидерите ќе постигнат договор за името на првиот човек на Европската комисија, тоа ќе треба да биде потврдено и од Европскиот парламент.

Доколку лидерите се договорат во текот на јуни, тогаш идниот претседател на Европската комисија може да биде потврден од Европскиот парламент на пленарна седница што ќе се одржи во јули.

Европскиот парламент треба да го одобри новиот претседател на Европската комисија со апсолутно мнозинство, што значи 50 отсто плус еден.

Доколку кандидатот не го добие потребниот број гласови, земјите-членки мора да предложат друг кандидат во рок од еден месец.

Европскиот парламент ги потврдува и идните комесари за новото свикување на Европската комисија. Секоја земја членка ги предлага имињата на идните комесари по принципот една земја – едно име. Тие потоа треба да поминат низ парламентарниот процес на проверка.

Кандидатите за идни комесари се појавуваат пред комисиите во Европскиот парламент на сослушувања за нивните идни одговорностите во областите каде ќе бидат назначени.

Секоја комисија потоа ја оценува стручноста на кандидатот и ја испраќа до претседателот на европарламентот.

Негативна оцена од комисијата може да доведе до повлекување на кандидатите од процесот, како што имало случаи во минатото. По изборите одржани во 2019 година, Европскиот парламент отфрли две кандидатури за еврокомесари, а потоа европратениците побараа од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да излезе со нови имиња.

На крај, Европската комисија во својот целосен состав, вклучувајќи ги претседателот и високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност, повторно се одобрува од Европскиот парламент.

И европратениците и новоизбраните лидери на ЕУ треба да стапат на должност кон крајот на есента.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Барселона е европски владетел во ракометната Лига на Шампиони

Следно

Нова демократија со убедлива предност на европските избори во Грција по пребројани 40 отсто од гласовите

Latest from Blog

Дарио Ивановски и Андријана Поп Арсова најбрзи на трката во Скопје

Македонските натпреварувачи Дарио Ивановски и Андријана Поп Арсова триумфираа на деветтото издание на „Халк Еко Скопје трча 10км“. Ивановски беше најбрз на патеката и оствари време од 30.59 минути, додека зад себе

Предложен притвор за лицето во кичевско кое со секира го убил својот татко, а и нанел тешки повреди на својата мајка

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и еден обид за убиство според истата правна

Македонија повторно во европската елита, обезбеди учество на континенталното првенство во ракомет во 2026

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во 2026 година. По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија

Кузмановски: Сакаме да сме пример за младите, како што за нас беа Кире, Столе, Жути

Капитенот Филип Кузмановски повторно ја водеше Македонија до нова победа во квалификациите, овој пат вредна за пласман на ново Европско првенство. „Навистина пред сè сакам да се заблагодарам на целата публика за
Go toTop