Изгласан Законот за средно полициско училиште

December 17, 2025
1 min read

Собранието вечерва на продолжение на 67. седница го донесе Законот за средно полициско училиште. За законот што беше усвоен со Бадентерово мнозинство, расправата беше завршена претходно. Со него се воспоставува правна рамка за основање и функционирање на средно полициско училиште во кое ќе се образуваат идните полициски службеници.

Во образложението на Законот е наведено дека се предвидува ова средно образование да функционира во рамки на сегашниот Центар за обука во Идризово, односно согласно новиот Закон за внатрешни работи – Полициска академија. Ќе биде во времетраење од две учебни години, односно трета и четврта година средно образование, така што секој кандидат/ученик по завршување на прва и втора година средно училиште, на објавен конкурс може да се пријави и доколку ги исполнува предвидените услови, своето образование да го продолжи во средно полициско училиште.

Согласно потребите на Министерството за внатрешни работи ќе може паралелно да се спроведува и досегашната основна обука за полицаец во времетраење од една година.

– Анализите од досегашната пракса и искуства од земјите во кои се спроведува средното полициско образование (Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Чешката Република и други), укажуваат на тоа дека со ваков вид на образование иако се произведува помала бројка на кадар, со него се оди на постигнување квалитет. Самото образование како подолготрајно дава поголеми резултати. Дополнително на ова е и фактот што кандидатите за средно полициско училиште се запишуваат на 15/16-та годишна возраст, наспроти сегашната основна полициска обука со 18 до 25-годишна возраст, се вели во образложението.


Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Последната генерација во Средното полициско училиште заврши  во 2000-та година, а со примената на ова законско решение ќе се продолжи со 25-та генерација ученици.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лапорта му нуди нов договор на Ханси Флик, следува потпис!

Следно

Реал на прагот на нов трансфер: Доаѓа бразилското чудо од дете за 50 милиони евра?

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март
Go toTop