Изет Меџити најави изградба на Младински Центар во Чаир

October 4, 2025
1 min read

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити и кандидатот за општински советник, Аритон Рама, денес го претставија еден од клучните приоритети на изборната програма, изградбата на Младинскиот центар, проект кој има за цел да им го овозможи на младите просторот кој им недостига за развој, креативност и иновации.

“Со задоволство го претставувам еден од најзначајните и најдрагите проекти за мене лично, Младинскиот центар на Чаир, проект кој ја претставува мојата визија за еден модерен, напреден и кон иднината ориентиран Чаир. Чаир располага со големо младинско богатство, талентирани млади девојки и момчиња со исклучителен потенцијал, кои заслужуваат повеќе од зборови – заслужуваат можности, поддршка и простор за развој. Затоа изградбата на Младинскиот центар ќе биде апсолутен приоритет на мојот мандат како градоначалник. Ова не е само физички објект, туку платформа каде нашата младина ќе може да учи, да создава, да се изразува и активно да ја гради својата иднина“, изјави Меџити.

Кандидатот за советник, Аритон Рама, во својата изјава ги опиша деталите за просториите кои ќе ги поседува овој објект:

“Младинскиот центар ќе биде изграден на четири функционални нивоа:
-Библиотека и сала за предавања – за учење, истражување и културни настани.
-Дигитален центар – со лабораторија за вештачка интелигенција, бесплатни обуки по програмирање и дигитална писменост, како и простор за стартапи и младинско менторство.
-STEM академија – која ќе нуди обуки во областа на технологијата, науката, уметноста и математиката.
-Простории за театар, советување и креативни активности, каде што младите ќе можат слободно и без бариери да се изразуваат.

Меџити и Рама потенцираа дека со овој проект гарантираат дека Чаир ќе стане центар на иновации, образование и младинска креативност. Младите ќе имаат место каде ќе учат, ќе се развиваат и ќе ја градат својата иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пазарењето во ЕУ почна – главна на тезгата Украина, но и Македонија

Следно

Тројца загинати во катастрофалните поплави во западна Бгарија

Latest from Blog

Откриено што рекол Алонсо по отказот во Реал

Реал Мадрид го отпушти Чаби Алонсо (44) во понеделник. Негов наследник е именуван за Алваро Арбелоа (42), исто така поранешен играч на Реал. Алонсо го водеше Реал во 34 натпревари, забележувајќи 24

Гренланд ги отфрла најавите на Трамп за преземање

Владата на Гренланд изјави дека „под никакви околности не може да ја прифати“ желбата на американскиот претседател Доналд Трамп САД да ја преземат контролата врз територијата, додека генералниот секретар на НАТО, Марк

Влошена безбедносна состојба во Иран: МНР со итен апел до македонските граѓани

Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во

Фото: Млада милијардерка ги истакна облините

Минатата недела во Калифорнија се одржаа доделувањето на филмските награди во Палм Спрингс, а бројни ѕвезди од различни сфери на уметноста присуствуваа на овој престижен настан. На доделувањето на наградите присуствуваше и членката
Go toTop