Изет Меџити и Бајрам Вардар утре откриваат како ќе изгледа Чаир во иднина

October 4, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, г. Изет Меџити, во соработка со светски познатиот архитект г. Бајрам Вардар, утре ќе го презентира Мастер планот за Чаир, резултат на два месеци интензивна работа на екипа од експерти во областа на урбанистичкото планирање и архитектура.

Овој Мастер план е подготвен со цел Чаир да се претвори во модел на одржлив развој и современ урбанизам во Скопје, одразувајќи ги современите потреби на граѓаните и историскиот, културниот и економскиот потенцијал на општината.

Г. Бајрам Вардар, урбанист со потекло од Скопје, кој живее и работи во Турција, ја предводеше екипата на експерти при изработката на овој стратешки план. Вардар има импресивна кариера во урбаниот развој на неколку од најголемите турски градови, како Истанбул и Бурса и бил дел од блиската екипа на г. Реџеп Таип Ердоган во периодот кога тој беше градоначалник на Истанбул.

 

Во експертската екипа меѓу другите членуваат и Надир Доган, урбанист дипломиран на Универзитетот “Гази“, основач на компанијата ND İMAR A.Ş. и експерт за просторни планови во голем обем за градови како Истанбул, Бурса, Коџаели и Трабзон, како и за бројни проекти за урбана трансформација. Потоа, д-р Мустафа Тутар, архитект дипломиран на Техничкиот универзитет во Истанбул, магистер на Универзитетот во Мисури (САД) и доктор по урбанизам. Тој е универзитетски професор и основач на компанијата Saydam Tasarım, со над 800 меѓународни проекти во областа на архитектонскиот дизајн и визуализација.

Покрај нив, во екипата се вклучени и други експерти од Турција и земјава, кои работеа заедно со локални урбанисти и архитекти за да обезбедат сеопфатен и прилагоден пристап кон реалноста и потребите на Чаир.

Официјалната презентација на Мастер планот за Чаир ќе се одржи утре (5 октомври 2025) на јавен настан, на кој ќе присуствуваат граѓани, експерти од областа, медиуми и јавни личности.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Михајловски: Со заокружување на бројот 9, советниците ќе му служат на народот и на Куманово

Следно

Аталанта само до бод со Комо!

Latest from Blog

Дали новиот лидер на Иран е геј- во Белата куќа не можеле да престанат да се смеат, Трамп со урнебесна реакција

Американскиот претседател Доналд Трамп беше запрепастен кога минатата недела дозна дека американските разузнавачки агенции посочиле дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, можеби е хомосексуалец – и дека неговиот татко, покојниот

Трипуновски: Политиките ги креираме заедно со земјоделците, кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, стартува од општина Босилово

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостувањето во Дневникот на Алсат Телевизија говореше за кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, нагласувајќи дека директната комуникација со земјоделците е

Вајц бара Европскиот совет да ги расчисти дилемите околу Проколот со Бугарија

Правната служба на Европскиот совет итно да ги разјасни сите двосмислености околу правниот статус на вториот протокол од Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија во врска со процесот на
Go toTop