Издадени 299 лиценци за нови енергетски капацитети за производство на електрична енергија

January 18, 2025
1 min read

Во 2024 година Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) издаде 299 лиценци за нови енергетски капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори- Сонце, со вкупно инсталирана моќност од близу 330 MW.

 „Трета година по ред како инвестициите во обновливи извори на енергија не губат на темпо. Само во 2024 година приватната иницијатива реализраше енергетски инвестиции кои по вкупната моќност се нешто повеќе од еден блок од РЕК Битола. Иако станува збор за различен тип на енергија, едната е од обновливи извори и карактеристично е што е достапна кога има услови (сонце, ветер, вода), а другата е базна енергија, сепак овие бројки се значајни кога ќе се погледне големата сликата. Со инвестицискиот циклус кој е во континуитет три години (2022,2023 и 2024 година) достигнат е инсталиран капацитет од близу 880 MW, а резултат е зголемено домашно производство на струја, еднаква за задоволување на потребите на семејствата од Скопје, Гостивар, Велес, Битола, Дојран, Свети Никола, Охрид и Струмица или вкупно 285 илјади домаќинства“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Во 2022 година издадени се лиценци со вкупна инсталирана моќност од 152,2 MW, додека во 2023 година со 399 MW, што пак влијаеше нето увозот на струја од претходните 30 % да се намали на рекордно историско ниво од 2,75 %

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нела Манчевска на само 13 години со музичкиот талент кој освојува Балканот

Следно

РФМ ќе се жали за судиската неправда од данските судии

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop