Изборите се ближат, СДСМ сè уште без кандидат за градоначалник во Пробиштип

August 16, 2025
1 min read

Иако остануваат речиси 60 дена до првиот круг на локалните избори, СДСМ сè уште нема официјализирано кандидат за градоначалник на Пробиштип, продолжувајќи ја неизвесноста кога изборите се на праг. Ситуацијата се комплицира со тоа што актуелниот градоначалник, Драган Анастасов – Ладич, според информации од извори блиски до партијата, одбива повторно да влезе во трка, свесен за падот на поддршката и реалните шанси за пораз.

Извори блиски до партијата тврдат дека, зад сцената, се врши притисок врз Анастасов да ја прифати кандидатурата, главно поради отсуството на друг подготвен и мотивиран кандидат. Овој недостиг на кадар се случува во момент кога ВМРО-ДПМНЕ веќе два месеци го има претставено својот кандидат, поранешниот градоначалник Тони Тоневски, и веќе се активни во предизборниот период.

Останува прашање дали внатрепартиските калкулирање на раководството и локалниот огранок на СДСМ во Пробиштип се одбиени од некои имиња меѓукои и сегашниот градоначалник – кој според извори блиски до партијата, не сака да се кандидира, но можеби ќе мора да прифати поради немање друга опција.

Минатата недела, претседателот на Собранието, Африм Гаши, ги распиша изборите за 19 октомври, односно 2 ноември. Засега, партијата на Венко Филипче има официјално објавено кандидати за градоначалници во 46 општини, меѓу кои и кандидатката за Град Скопје и кандидатите за скопските општини, но меѓу нив не е Пробиштип – иако оваа општина е една од ретките во која СДСМ има свој градоначалник во моментот, а изборите се пред врата.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Неделен преглед на Македонската берза: 11.08.2025 – 15.08.2025

Следно

ВЛЕН: Се распаѓа „Европскиот фронт“ на ДУИ – ДПТ и ДПА надвор од коалицијата

Latest from Blog

Британска инфлуенсерка до смрт избодела маж во Дубаи- се соочува со смртна казна со стрелање

Џорџ, од Кент, Велика Британија, убила Британец кого го запознала преку Фејсбук. Активистичката група „Притворени во Дубаи“ тврди дека Џорџ го избодела мажот во самоодбрана, но предупредува дека доколку биде прогласена за

Мицкоски за реконструкцијата на владата: Понекогаш тоа се прави затоа што се менуваат приоритетите

Секоја реконструкција не е реконструкција поради резултати, дали тие резултати биле добри или недоволно добри, или воопшто немало резултати, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во „Отвореното студио“ на МРТВ. -Понекогаш рекунстукцијата се

Коњановски: Битола подготвува стратегија за урбано зеленило и нов систем за отпад

Тони Коњановски денеска истакна дека изработката на Стратегијата за развој на урбано зеленило и воведувањето на подземни садови за отпад претставуваат две суштински мерки кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на

СЕ МЕНУВААТ ЛИ ГРАНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА – Романија отвори процес за обединување со Молдавија!

Долниот дом на парламентот на Романија вчера го унапреди предлог-законот со кој се прогласува дека треба да отпочнат преговори за обединување со соседна Молдавија, објави „Романија инсајдер“. Предлогот беше автоматски усвоен, откако
Go toTop