Изборите ќе чинат 17 милиони евра, над 10 милиони евра за рекламирање

January 24, 2024
1 min read

Двојните избори напролет ќе нè чинат 17 милиони евра. Од Државната изборна комисија информираа денеска дека над десет милиони евра се предвидени за платено политичко рекламирање на учесниците, додека над шест милиони евра ќе се искористат за организацијата на изборите, гласачките материјали, како и хонорарите за членовите на избирачките комисии на претстојните претседателски и парламентарни избори. На денешната седница на ДИК беше соопштено дека Министерството за финансии веќе ги одобрило средствата што од нив биле побарани. Членовите на Комисијата уште еднаш повторија дека согласно законските измени од 2020 година, и овие избори ќе се организираат со идентификација на гласачите преку отпечаток од прст. Од ДИК додаваат дека нејзините членови и вработени веќе една година се подготвуваат изборите на 24 април и 8 мај да поминат во фер и демократска атмосфера.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столе Димитриевски пред продолжување на договорот со Рајо Валјекано

Следно

Техничка влада во последен момент – зошто непотребни тензии?

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop