Ивановски се избори за „главниот турнир“ на Челинџерот во Сан Марино

July 14, 2025
1 min read

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира за „главниот турнир“ на Челинџер турнирот 125 што се игра во Сан Марино. Тој денеска ја постигна и втората победа во финалето од квалификациите совладувајќи го домашниот тенисер Франциско Форти со 2:1 во сетови (6:7(4); 6:4; 6:4) за 2 часа и 50 минути игра.

Во првото коло на турнирот Ивановски ќе игра против третиот носител Матео Гиганте (137.место АТП листа).

Во првиот сет од мечот немаше ниту еден брејк, па за водство од 1-0 во сетови решаваше тај брејкот. Форти поведе со 6:1 на поени. Ивановски спаси три сет топки, но противникот го доби тај брејкот со 7:4 и поведе со 1-0. На стартот од вториот сет македонскиот тенисер направи брејк за 1:0, но Форти веднаш врати со ри-брејк за 1:1 во гемови. Сепак подобрата игра на Ивановски во сетот му донесе уште еден брејк за 5:4, а потоа и 6:4 во гемови и 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет Ивановски направи брејк во седмиот гем за водство од 4:3 и во десеттиот гем македонскиот тенсиер успеа да го добие гемот за 6:4 и 2-1 во сетови.

Наградниот фонд на турнирот е 181.250 евра.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Следно

Жежок 15 јули: Македонија под портокалова жештина, тропски услови и на плажите во регионот

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop