Италијанскиот опозициски лидер бара целосно ембарго на оружје за Израел

April 4, 2025
1 min read

РИМ (АА) – Лидерот на италијанското опозициско движење „Пет ѕвезди“, Џузепе Конте, побара да се воведе целосно ембарго на оружје за Израел поради неговите напади врз Газа, јавува Анадолу.

„Повеќе од 100 мртви за 24 часа. Над 300 деца убиени за две недели“, напиша Конте на платформата X, нагласувајќи дека продолжуваат израелските напади врз здравствените установи и домовите на цивилите.

Тој рече дека Италија и Европа молчат пред „бруталноста“ што ја спроведува Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Критикувајќи ја позицијата на Европскиот парламент, Конте изјави дека неговата реакција е сведена само на изразување загриженост што, според него, „нема никаква смисла“.

„Мора да се воведе целосно ембарго на оружје за Израел и да се наметнат строги економски и дипломатски санкции за владините функционери и нивните поддржувачи“, истакна 60-годишниот политичар, кој беше премиер на Италија од 2018 до 2021 година.

Во северниот италијански град Милано стотици граѓани излегоа на протест поради убиството на палестински новинари во Газа од страна на израелските сили.

Од почетокот на израелската офанзива во октомври 2023 година во Газа се убиени повеќе од 50.500 Палестинци, при што најголем број од жртвите се жени и деца.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант со обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Истовремено, Израел се соочува со судски процес пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) за обвиненија за геноцид поради војната во палестинската енклава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Ја научивме лекцијата, ни треба обединување и единство за клучните прашања

Следно

Приведен возачот кој со мопед удрил дете и избегал

Latest from Blog

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални

Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста

Вечерва градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста. Настанот беше можност уште еднаш да се потврдат вредностите на слободата, верската толеранција и
Go toTop