Истражување: Постарите мозочни клетки „забораваат“ кои се

February 17, 2025
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Постарите мозочни клетки „забораваат“ кои се, според истражувањето спроведено од Универзитетот во Инсбрук и објавено денес од Австрискиот научен фонд (ФВФ), јавува Анадолу.

Истражувачкиот тим предводен од невробиологот Франк Еденхофер одгледал „минимозоци“ наречени органоиди од човечки матични клетки во лабораториски садови.

Потоа научниците вештачки ги поттикнале процесите на стареење, што им овозможило првпат да го набљудуваат процесот на стареење кај органоидите.

За да ги „остарат минимозоците“, истражувачите вовеле ген за протеинот прогерин во органоидите.

Како резултат на тоа, маркерите на генетскиот материјал на нервните клетки во мозокот, кои ја одредуваат нивната идентичност, исчезнале, наведуваат истражувачите.

Слично како кај вистинскиот човечки мозок во понапредна возраст, активноста на „енергетските центри“ на клетките – митохондриите – исто така се намалила во лабораториски одгледаните мозоци.

„Гледаме типични дегенеративни процеси: оксидативни и други оштетувања на ДНК поврзани со стареењето, како и намалена активност на митохондриите“, се вели во истражувањето.

Истражувачите посочуваат дека кислородот предизвикува „оксидативно оштетување на клетките на ист начин како железото, кое со текот на времето се акумулира и ја нарушува нивната функција“.

Тие ги гледаат „минимозоците“ како почетна точка за натамошни истражувања со цел подобро разбирање на стареењето на невроните.

Наедно, се надеваат дека ќе идентификуваат нови гени што играат улога во процесот на стареење.

„Забележуваме некои неочекувани гени што досега не биле опишани во контекст на стареењето на мозокот“, пишуваат истражувачите.

Една од нивните цели е да се репрограмираат невроните добиени од матични клетки на мозокот, со надеж дека ќе може да се подмладат.

„Ако можеме вештачки да ги остариме клетките, дали можеме и да ги подмладиме?“, се прашуваат научниците во истражувањето.

Сепак, тие нагласуваат дека науката сè уште е во рана фаза.

„Ќе помине долго време пред да постои лек за подмладување на мозокот во форма на медикамент“, додаваат тие.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОРАДИ ГРИПОТ: Забрана за посети на хоспитализирани пациенти, задолжително носење заштитни маски во здравствените установи

Следно

СДСМ ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и знам дека се против носење на закон за бранителите

Latest from Blog

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,
Go toTop