Истражување: Над 70 отсто од населението во Газа се соочува со екстремен глад

December 20, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Седумдесет и еден процент од населението во Газа се соочува со екстремен глад при немилосрдните израелски напади, се вели во истражувањето објавено вчера од групата за човекови права Еуро-Мед монитор, пренесува Анадолу.

Според истражувањето, кое опфаќа 1.200 испитаници во Газа, 98 отсто од нив рекле дека јадат недоволно количество храна, додека 64 отсто признале дека јаделе трева, овошје, недозреана и храна со поминат рок за да го намалат гладот.

Истражувањето, исто така, покажа дека стапката на пристап до вода во Газа, односно до вода за пиење, капење и чистење, е сведена на 1,5 литри по лице дневно.

„Ова е 15 литри помалку од минималната количина на вода потребна за опстанок на ниво на меѓународните стандарди“, се нагласува во истражувањето и се додава дека 66 отсто од испитаниците изјавиле дека имале дијареја, осип на кожата или цревни заболувања изминатиот месец.

Во воздушните и копнените напади на Израел врз Појасот Газа, по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври, загинаа најмалку 19.667 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се 52.586, според здравствените власти во енклавата.

Војната ја остави Газа во урнатини, при што половина од станбениот фонд на крајбрежната територија е оштетен или уништен, а речиси 2 милиони жители се раселени во густо населената енклава, каде има недостиг од храна и чиста вода.

Се смета дека речиси 1.200 Израелци се убиени во нападот на Хамас, додека над 130 заложници остануваат во заробеништво.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопјани утрово дишат загаден воздух, градот е на 12-то место во светот

Следно

Спасовски: Издвоени 13 милиони евра од Буџетот на МВР за униформи, техничка опрема и возила

Latest from Blog

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото
Go toTop