Истрагата за случајот Крмзов при крај, вмешани и политичари

November 1, 2024
1 min read

Истрагата за случајот познат како „Крмзов“ е при крај и наскоро ќе бидат објавени информации за злоупотреба на милионски суми поврзани со поврат на ДДВ на компании. Според информациите од досегашната истрага излегуваат нови случаи, а злоупотребата досега изнесува околу 15 милиони евра.

Истрагата допира до сегашни и поранешни политичари и тие во моментов немаат имунитет.

Во септември беше спроведена акција за даночно затајување во фирми во Струмица, Скопје и Гостивар. Беа приведени четири лица, а државниот јавен обвинител информираше дека е оформен предмет за даночна измама и за перење пари и дека се сослушани три лица, а за едно се предложени мерки за претпазливост.

Истрагата на надлежните органи околу случајот „Крмзов“ покажува дека над повеќе милиони евра од Еуростандард банка се префрлани на сметки во Турција. Истрагата, според објавите во медиумите, се шири на повеќе струмички компании, кои биле дел од шемата на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов за злоупотреба на парите.

Премиерот Христијан Мицкоски на 16 септември септември во врска со последната акција за даночно затајување рече дека таа е една од низата вакви истраги што ќе следуваат во следниот период.

– Не би сакал сега да откривам детали, истрагата трае, мислам дека ќе биде епски голема, епски голем криминал, но она што можам да кажам дека ова е една во низата што ќе следат во следниот период септември-октомври, изјави тогаш Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пензионерите од истокот бараат да се смени претседателката Трајковска

Следно

Во наредниве две недели во Скопје ќе бидат потврдени заклучоците за пругата кон Бугарија

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop