Истрагата за првата антикорупционерка – Андоновски: Не е нарушен кредибилитетот на останатите членови на ДКСК

April 26, 2025
1 min read

Власта ветува дека нема да ја искористи истрагата на обвинителството против се уште актуелната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, за да ја блокира работата на оваа институција која е задолжена за контрола токму на работењето на државните функционери. Оваа најава и ветување доаѓа од министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски против кого токму ДКСК води четири предмети.

„Според мене не постои можност за парализирање на институцијата доколку продолжи овој состав да функционира. Исто така, не гледам причина зашто преостанатите членови би сноселе одговорност за личните постапки на еден од членовите, потенцијални постапки, затоа што станува збор за осомничено лице и не би сакал дополнително да се впуштам во политизација на процесот, затоа што овој состав, како минатиот состав на ДКСК беше избран во Собрание со поддршка на сите политички партии, вклучително и на невладина организација во една транспарентна постапка…“, вели Стефан Андоновски.

Андоновски очекува Димитровска да си поднесе оставка бидејќи според него не е примерно да ја извршуваа оваа функција додека против неа се води постапка, потенцирајќи дека сепак мора да се води грижа за пресумпција на невиност.

Министерот смета дека не е нарушен кредибилитетот на Антикорупциска.

„И во еден ваков пример кога потенцијално овој член би си дал оставка, сметам дека во таква постапка ќе нема простор за омаловажување, дискредитација на потенцијални нови членови на таа Комисија, така што мислам дека нивната работа со пример, со дела, треба да покажат дека е кредибилна“, вели Стефан Андоновски.

Инаку, вчера дел од политичките партии побараа оставка на целата Антикорупциска комисија, сметајќи дека е нарушен нивниот кредибилитет.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мајките на загинатите во Кочани: Сите вие кои сте одговорни за системот во државата, мудро ја избегнувате одговорноста за најголемата трагедија

Следно

Заврши третата рунда преговори меѓу Иран и САД во Оман

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop