Истрагата за поранешниот претседател на Албанија, тест за новиот правосуден систем

December 20, 2023
2 mins read

Во текст објавен на платформата „Окружење“, Зилифтар Брегу, предавач на Универзитетот во Тирана и слободен новинар, пишува за изрекувањето на безбедносни мерки против пратеник кои предизвикале дебати во Албанија, а самиот Сали Бериша одбил да се појави пред обвинителството и специјалниот суд

автор: Зилифтар Брегу

Во саботата попладне, на 21 октомври, службениците на Националното биро за истраги го уапсија Jамарбер Малтези, зет на поранешниот претседател Сали Бериша, на меѓународниот аеродром во Ринас.

Овој момент го одбележа објавувањето на обвинувањата не само за Малтези, туку и за неговиот свекор, поранешниот претседател на Албанија (1992-1997) и поранешниот премиер Сали Бериша (2005-2013). Двајцата, заедно со градежникот Фатмир Бекташи се обвинети за повеќе тешки кривични дела како активна и пасивна корупција на високи функционери, перење пари и слично. Специјалниот суд против криминал и корупција и обвинителството СПАК одредија и за господинот Бериша, и покрај мандатот на пратеникот што му дава имунитет, две рестриктивни безбедносни мерки: „Задолжително јавување пред органите на прогонот, обвинителот“, како и одземање на пасошот, за да го спречат да ја премине државната граница на Албанија. Изрекувањето на безбедносни мерки против пратеник предизвика дебати во Албанија, а самиот г-дин Бериша одби да се појави пред обвинителството и специјалниот суд, што е нормална процедура за да му го даде целосното обвинение и одлуката за мерката безбедност. Во наредните денови ќе се види и реакцијата на истражните структури на овој став. Се вели дека наскоро обвинителството ќе побара од Парламентот на Албанија да ја одобри неговата истрага, со што ќе се реши ќорсокакот.

Обемното досие од 199 страници, кое го поддржа барањето на обвинителството за безбедносни мерки за Малтези, Бериша и бизнисменот Фатмир Бекташи, ја прикажува административната одисеја за приватизација на парче земја во главниот град на Албанија, што го користела фудбалска екипа. На оваа површина во моментов се изградени голем број згради, и веќе се населени.

Пратеникот кој пред само неколку дена го прослави својот 79-ти роденден, ја предводи „де факто“ опозицијата во Албанија, по политичката битка во групата за враќање на контролата врз Демократската партија, во која беше нејзин основач и прв претседател во 1991 година.

Пред две години Бериша се соочи со нешто што изгледаше како крај на неговата кариера, откако беше прогласен за „персона нон грата“ од Соединетите Американски Држави и исклучен од пратеничката група на ДП од неговиот наследник Љуљзим Баша. Но, по политичката кампања во рамките на партијата, Бериша успеа да го задржи под контрола поголемиот дел од членството и пратеничката група.

Неколку месеци по САД, во јули 2022 година, и Велика Британија го прогласи за „персона нон грата“.

Обвиненијата покренати против него ја обележуваат истрагата на највисокиот функционер во Албанија за злоупотреба на службената положба, корупција или перење пари. Неколку месеци подоцна, СПАК го обвини и поранешниот социјалистички вицепремиер Арбен Ахметај, кој сега живее во бегство и се смета дека ја напуштил Албанија за да се скрие на безбедно место.

Според политичките набљудувачи, последните обвинувања на СПАК претставуваат еден од најголемите предизвици за политичката кариера на Бериша, кој ќе остави трага не само кај него, туку и кај опозицијата.

Од друга страна, ова досие ќе биде и тест за новите истражни структури во Албанија, кои се резултат на длабоката реформа во правдата. Во текот на три децении, довербата на албанските граѓани во правдата достигна најниско ниво.

*Зилифтар Брегу, предавач на Универзитетот во Тирана и слободен новинар

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Град Скопје ќе се изнадава пари, повеќе лица пријавиле каснување од куче скитник

Следно

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик не е и нема да биде прашање за преговори или компромиси

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop