Истрага против татко и синови за тешко насилство во Батинци

June 23, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. За истиот настан поведена е постапка и против еден малолетник согласно Законот за правда за децата.

Таткото на возраст од 41 година, заедно со синовите од кои едниот на возраст од 18 години, а другиот 15-годишно дете, дошле пред семејната куќа на еден оштетен во селото Батинци и започнале да му се закануваат, поради претходна расправија на оштетениот со детето. Во еден момент, почнале да го удираат со клоци и тупаници по главата и целото тело, од кои удари оштетениот паднал на земја. Додека лежел на земјата, детето го удирало и со камен, па оштетениот се здобил со тешки телесни повреди – фрактури и други тешки повреди во главата и телото.

Сопругата на оштетениот паднала врз него за да го заштити од дополнителни удари, а притрчале и нивните деца и соседите. Со дејствијата на насилство, малтретирање, грубо навредување и загрозување на сигурноста, осомничените предизвикале чувство на несигурност и страв и кај членовите на семејството на оштетениот и во јавноста.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за полнолетните сторители.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Софија сè уште без одговор: ќе се сретнат ли Сиљановска и Желјазков пред самитот на НАТО во Хаг?

Следно

Речиси 56.000 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Газа

Latest from Blog

Божиновска: Снабдувањето со горива е во одлична кондиција, нема ризик од недостиг

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати. – Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето

На Куба почнаа со обнова на електромрежата

Електроенергетската мрежа остана во дефект во саботата навечер откако голема електрана во Нуевитас, во источната кубанска покраина Камагуеј, престана да работи, соопшти операторот на мрежата UNE. Тоа предизвика каскаден ефект што остави

Божиновска: Снабдувањето со гориво е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати. – Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев отвора нови можности за младите фудбалери во Македонија

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оцени дека инвестицијата на Горан Пандев во модерен спортски центар во Струмица претставува значаен исчекор за развојот на младинскиот фудбал во земјава. Според него, новите услови овозможуваат
Go toTop