Историски шамар за Мицковски од „неговите“

June 24, 2025
1 min read

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската народна партија (ЕПП), сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, е директен историски дипломатски пораз за Христијан Мицкоски и неговата партија.

Предлог-амандманот за воведување на формулацијата „модерен македонски јазик“ не само што доаѓа од редовите на ЕПП, туку е поднесен токму од нејзиниот координатор Михаил Галер – член на германската ЦДУ, партија која ВМРО-ДПМНЕ со години ја нарекува свој стратешки и идеолошк партнер.

Овој амандман претставува сериозен удар врз позициите на Република Северна Македонија, но и суштинско понижување за ВМРО-ДПМНЕ, која се претставува како „бранител“ на македонскиот јазик. Наместо поддршка, од своите европски пријатели добија дипломатска шлаканица што го доведува во прашање влијанието на ВМРО-ДПМНЕ во својата матична групација.

Дополнително загрижува што ЕПП најави дека ќе го поднесе истиот амандман и на пленарната седница – што значи дека ова не е изолиран инцидент, туку координиран став во кој ВМРО-ДПМНЕ или учествува или молчи.

Во исто време, извештајот на Европскиот парламент содржи клучни пораки што ја разоткриваат вистинската слика за неработењето на новата власт во однос на ЕУ интеграциите, односно има јасен овик за итен напредок во уставните измени и реформите поврзани со ЕУ и загриженост за назадување во борбата против корупцијата и за судската независност.

СДСМ уште еднаш апелира до власта да прекине со политички манипулации дома и да престане со надворешна политика водена од дневно-партиски калкулации. Дипломатијата не е театар за домашна употреба, а цената на ваквите авантури ја плаќа целата држава.

Ова не е само пораз за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ова е нов аларм дека европскиот пат е сериозно загрозен со оваа власт. – Се вели во соопштението на СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“

Следно

Мицкоски со порака до јавните и државни службеници: Верувам во вашиот труд и енергија и способност, но очекувам резултати и посветеност

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop