Историјата во македонското скијање се пишува со името на Јана Атанасовска

March 26, 2025
1 min read

Македонското алпско скијање испиша нова историја благодарение на извонредните резултати постигнати на неодамнешните натпревари во Глунгецер (Австрија) и Вајнебене (Австрија).

На слаломската трка во Глунгецер, македонската скијачка постигна значајни ФИС поени во дисциплината слалом со импресивни 30.56 поени, означувајќи го почетокот на нејзините најдобри резултати досега. Иако стартуваше со висок стартен број 28, таа заврши на одличното 12. место, со што уште еднаш докажа дека нејзиниот потенцијал е на високо ниво. Во истата трка учествуваше и норвежанката Теа Луиз Стјернесунд , која моментално е четврта во генералниот пласман во велеслалом во Светскиот куп и 43-та во слалом, а македонската претставничка беше побрза од неа во првото возење, завршувајќи на само 0.70 секунди зад неа по второто возење.

Неверојатните настапи продолжија и на натпреварите во Вајнебене, каде што Јана уште еднаш покажа дека припаѓа на врвот. Првиот ден стартуваше со број 7 и заврши на третото место во вкупниот пласман, со минимално заостанување од 0.36 секунди, при што ги потврди своите 30.77 ФИС поени. Вистинскиот триумф следуваше наредниот ден, кога стартуваше со број 12 и го освои првотот место со убедливо водство од 0.62 секунди, поставувајќи свој кариерен рекорд со 25.02 ФИС поени во слалом.

По завршетокот на сезоната и финалните пресметки на ФИС, Јана Атанасовска ќе се најде меѓу најдобрите 15 скијачки во светот од генерацијата 2006 и во топ 200 на светската ФИС ранг-листа.

Овие достигнувања претставуваат историски пресврт во македонското алпско скијање. Јана Атанасовска стана првиот македонски алпски скијач – и во машка и во женска конкуренција – кој успеал да постигне вакви резултати на меѓународната сцена. Со своите извонредни настапи, таа не само што ги подигна стандардите за македонското скијање, туку и докажа дека талентот, посветеноста и напорната работа можат да ја постават Македонија на светската мапа на алпското скијање.

Оваа сезона беше долга и полна со предизвици, но конечно стигнав до резултатите кои ги чекав со нетрпение. Беше само прашање на време кога ќе се оствари она што го посакував јас па и мојот тренер, бидејќи цело време вложував максимален труд и посветеност. Со оваа прилика, сакам да се заблагодарам на Министерството за спорт за нивната постојана поддршка и вера во мене. Без нив, овој успех не би бил можен, порача Атанасовска.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Израелски пилот кој дал отказ бара прекин на геноцидот во Газа и гонење на сторителите

Следно

Назначени нови началници на СВР Штип и ОВР Кочани

Latest from Blog

Дел од вработените на Клинички ќе паркираат кај „Лимак“ – ново привремено решение за хаосот со паркирањето

Министерството за здравство во договор со компанијата „Лимак“ наоѓа привремено решение за проблемот со паркирањето во близина на Клиничкиот центар во Скопје. Дел од вработените на Клиничкиот центар ќе добијат можност да

ЗАДОВОЛНА СУМ ШТО НАПРАВИВ ВО ОВИЕ 25 ГОДИНИ, ИНАКУ СИТЕ ЖРТВИ БИ БИЛЕ ЗАЛУДНИ, ВЕЛИ ПРИМАБАЛЕРИНАТА МАРИЈА КИЧЕВСКА-ШОКАРОВСКА ПРЕД ПРЕМИЕРАТА НА „ГОСПОЃА БОВАРИ“

Примабалерината Марија Кичевска-Шокаровска, на 25 јуни во Националната опера и балет (НОБ) слави 25 години кариера со премиерата на балетот „Госпоѓа Бовари“ инспириран од романот на Гистав Флобер. За ликот на Ема

Белата куќа објави фотографии од Советот за национална безбедност за време на операцијата во Иран!

Белата куќа синоќа објави фотографии од Советот за национална безбедност на САД за време на бомбардирањето на Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во 01.53 минути, објави дека американската армија успешно

Филипче: Мицкоски фантазира за успеси, граѓаните бројат денови до плата

„Со жалење можам да констатирам дека за првпат во плурализмот од ’91-ва година наваму, како никогаш досега, граѓаните за толку кратко време не посакуваат нови политики,“ изјави вчера потпретседателот на СДСМ, Венко
Go toTop