(ИСПРАВКА) Ковачевски, сепак, предложил разрешување на министрите и замениците од Алтернатива

February 11, 2023
2 mins read

Со оглед на тоа што за да бидат избрани нови министри и заменици, актуелните треба да поднесат оставки или да бидат разрешени од парламентот, „360 степени“ праша во Владата дали премиерот предложил разрешување на некој министер или заменик, бидејќи немаше информација оти некој поднел оставка. Добивме одговор во кој, всушност, нема одговор на нашето прашање

Во меѓувреме, на веб-страницата на Собранието беа објавени предлозите од Ковачевски за разрешување на министрите и замениците од Алтернатива

Со доставувањето на предлогот до Собранието за реконструкција на Владата од страна на премеирот Димитар Ковачевски, кој предвидува промени на четири министерски и пет заменик-министерски позиции, се наметна прашањето дали премиерот до Собранието предложил и разрешувања на одредени министри или заменик-министри.

За да бидат избрани нови, актуелните министри и заменик-министри во Владата треба да си поднесат оставка од функцијата или да бидат разрешени од Собранието.

„360 степени“ го упати следното прашање до владината прес-служба:

„Дали премиерот до Собранието предложи и разрешување на некои министри и заменик-министри, бидејќи за да бидат избрани нови, досегашните или треба да ги разреши парламентот или треба да дадат оставка? Засега нема информација дека кој било дал оставка.”

Одговорот што го добивме и во кој, всушност, нема директен одговор на нашето прашање, го објавуваме интегрално:

„Во однос на вашите прашања, ви посочуваме дека претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, предлогот за реконструкција на Владата ќе го образложи на собраниска седница.

Во моментов најважно за државата е што се окрупнува проевропскиот блок со тоа што се зголемува мнозинството кое е цврсто определено за продолжување на суштинските реформи важни за европскиот пат на Северна Македонија.

Владата продолжува со реализација на политиката која обезбедува стабилност и сигурност во услови на економска и енергетска криза предизвикана од глобални трендови.”

Во меѓувреме, на веб-страницата на Собранието беа објавени предлозите од Ковачевски за разрешување на министрите и замениците од Алтернатива.

Претходно денеска Социјалдемократскиот сојуз ѝ порача на Алтернатива оти е добредојдена со свој придонес во европската коалиција, а дека вратата за соработка за неа е отворена и понатаму.

„Упатуваме порака до Алтернатива дека вратата за соработка е отворена и понатаму. Овие времиња се важни за европската иднина и за економските реформи и ги повикуваме да се издигнат над тесно-партиските интереси и да размислат уште еднаш. Иако Алтернатива не одговори на понудата за продолжување на соработката, партијата е добредојдена со свој придонес во европската коалиција“,

изјави портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски на денешната прес-конференција.

Откако премиерот Димитар Ковачевски и официјално го достави предлогот за реконструкција на Владата до Собранието, од прес-службата на парламентот попладнево потврдија дека предлогот е примен во нивната ахрива, со што тој влегува во собраниска процедура.

„Премиерот го достави предлогот за реконструкција на Владата и е примена од нашата архива. Кој ден ќе биде на седница, односно кога претседателот на Собранието ќе ја свика, ќе информираме дополнително“,

велат од собраниската прес-служба. 

Според предлог-кадровските решенија, нови шефови ќе добијат четири владини ресори (министерствата за здравство, правда, информатичко општество и администрација и животна средина и просторно планирање).Во пет ресори, пак, предложени се нови заменик-министри.

Предложената реконструкција на Владата значи дека Алијанса за Албанците би добила три министерски и две заменик-министерски места, а Алтернатива би ги изгубила двата ресора што ги раководи во моментов. Алтернатива досега не се произнесе дали останува или ја напушта Владата на Димитар Ковачевски, а конечна одлука по ова прашање најави за утре.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бицевски: Образовниот систем го проби дното, секој ден огромни пропусти, власта не води грижа да запре распадот во образованието

Следно

Ердоган: „Ние никогаш не ги оставивме луѓето сами и на улица“

Latest from Blog

Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување

Казна со бодови не е доволна: Премиерлигашите бараат исфрлање на Манчестер сити?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен. Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,
Go toTop