Испраќањето касетни бомби е тешка одлука, но потребни ѝ се на Украина, вели Бајден

July 7, 2023
1 min read

На Украинците им снемува муниција, посочува американскиот претседател објаснувајќи ја одлуката да се исперат касетни бомби

Американскиот претседател Џо Бајден за Си-ен-ен потврди дека САД за првпат ќе и испратат касетна муниција на Украина и оти е убеден дека ова оружје му е потребно на Киев за противофанзивата против Русија.

Информацијата претходно ја потврдија и Белата куќа и Пентагон.

„Тоа беше тешка одлука од моја страна. Патем, разговарав за ова со нашите сојузници. На Украинците им снемува муниција“,

вели Бајден во интервјуто кое Си-ен-ен ќе го емитува во недела.

За ова зборуваше и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, кој кажа дека одлуката Бајден ја донел по едногласна препорака од целиот тим за национална безбедност.

Русија, наведе Саливен, користи касетна муција од почетокот на војната, а Украина ја бара за да се одбрани од руската агресија. Но, според него, има разлика.

„Постои голема разлика помеѓу типот на касетна муниција што ја користи Русија и видот што САД би го испратиле во Украина. Русија веќе расфрлила десетици милиони од ова оружје на украинска територија. Мораме да се запрашаме – Дали украинската употреба на касетната муниција во истата област претставува дополнителна закана за цивилите, со оглед на тоа дека таа територија сепак ќе мора да биде деминирана“,

вели Саливен.

Касетната муниција, често наречена и касетни бомби, претставува канистер кој во себе носи десетици до стотици мали бомби, наречени подмуниција, се дел од последниот пакет помош што САД ќе ѝ го испратат на Украина.

Photo: EPA-EFE/SHAWN THEW

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ вели дека тој и Еди Рама се пример дека Србите и Албанците можат да одат напред и да соработуваат

Следно

Милошоски: Ја охрабруваме власта да ги достави уставните измени до Собрание и конечно да види дека уставни измени нема да има

Latest from Blog

Меган Маркл и принцот Хари најавија нов проект во соработка со Нетфликс (ВИДЕО)

Војводата и војвотката од Сасекс ќе го продуцираат филмот за стриминг услугата преку нивната компанија Archewell Productions. Како што објави Deadline, 44-годишната Меган и 41-годишниот принц Хари соработуваат на проектот со продуцентката

Араухо ја „преброди“ психолошката криза

Фото: ФЦ Барселона X Роналд Араухо се опорави и се враќа на тренинзите на Барселона. Каталонските медиуми денес потврдија дека Уругваецот успеал да се опорави од психолошките проблеми и се очекува да

Трипуновски: Заклучно со вчерашниот ден досега се откупени околу 15 милиони килограми тутун

„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ. „Како и минатата година,

Трипуновски: Заклучно со вчерашниот ден досега се откупени околу 15 милиони килограми тутун

„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ. „Како и минатата година,
Go toTop