Исланд затегна за имигранти

June 16, 2024
1 min read

Со 38 гласа за и 15 против (значи можело и со помал парламент, а?), парламентот на Исланд го изгласа законот по кој на мигрантите, 30 дена откако нивната апликација ќе им биде одбиена, им завршуваат правата да имаат кров над глава и пристап кон здравствени и социјални услуги.

Од партиите, позитивно гласаа оние од владината коалиција а против беше Пиратската партија. На законот се спротивставија Амнести, Уницеф, Црвениот крст и други слични организации.

„Ова ја потврдува позицијата на властите, дека не сме пријателски расположени кон дојденците. Пораката е јасна: напуштете ја земјата или ќе завршите на улица, гладни и болни,“ рече претставник на Пиратите.

Претходно државата имаше правни проблеми со депортациите кои сега овој закон ги озаконува. Беше тужена кога ирачки бегалец беше кренат од инвалидска количка, кога се депортираше Албанка во 9-ти месец од бременост, со лекарска потврда дека не ѝ се препорачува долг лет…

Првпат законот беше претставен во 2019-та година но не помина а ова е четврта верзија на текстот. Во финалната верзија бил прифатен само амандман кој се однесува на деца без придружба.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од 9 часот утрово во прекин сообраќајот од излез Нов Дојран до влез Стар Дојран

Следно

Андреј Рубљев нема да настапи на ЛОИ во Париз

Latest from Blog

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран.

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изнесе серија обвинувања на адреса на раководството на СДСМ, тврдејќи дека партијата делува под надворешно влијание и со сериозни внатрешни слабости.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф обидувајќи се да се стави себеси над полицијата и законот. Имено, во 17:45 чaсот во кругот на ПС-Крива Паланка, додека униформиран

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на
Go toTop