Исламскиот универзитет во Газа, уништен во израелски напад, сега e засолниште за раселените Палестинци

March 23, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – По обновените напади на Израел врз Газа, кои започнаа на 18 март, Исламскиот универзитет во Газа, најголемата образовна институција во регионот, стана засолниште за раселените палестински семејства, јавува Анадолу.

По израелската воена офанзива, многу Палестинци беа принудени да ги напуштат своите домови и да се преселат во области кои израелската армија ги смета за „безбедни“, како Беит Ханун, Хуза и Абесан во Кан Јунис.

Меѓу оние кои бараа засолниште има семејства од Беит Ханун, кои се засолниле во оштетениот кампус на универзитетот.

Поради недостигот на храна предизвикан од израелската блокада, раселените Палестинци се обидуваат да се стоплат палејќи стари универзитетски книги, но и за да зготват нешто.

Митхат Ал-Афифи, раселен жител од Беит Ханун, ја сподели со Анадолу болната реалност на бегањето од областа по втор пат поради тековните израелски воздушни напади.

„Ова е втор пат да бидеме раселени оттука откако првично се вративме за да почнеме со обнова. Сега, кога почнавме да расчистуваме и да работиме и да најдеме место за живеење, Израел повторно ни нареди да излеземе од Беит Ханун“, рече Ал-Афифи.

Мухамед Халаф, наставник, кој побара засолниште на универзитетот заедно со своето семејство, апелира до светот: „Поддршката за Газа е од витално значење, не само за основните потреби за преживување како храна и вода, туку и за да започнеме со обнова на нашите животи“.

Израелската армија започна ненадејна воздушна кампања врз Газа од вторникот, при што загинаа над 700 Палестинци, а повредени се над 1.000, со што е прекршен и договорот за прекин на огнот и размена на заробеници што беше на сила од јануари.

Над 50.000 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а над 113.000 се повредени во бруталната израелска воена офанзива врз Газа од октомври 2023 година.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На шест пациенти кои се лекуваат на скопската клиника им е направена трансплантација на кожа

Следно

РК Алкалоид го игра првиот меч од четвртфиналето во Европскиот куп

Latest from Blog

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по

Пакистан и Кина го претставија мировниот план за Блискиот исток во пет точки

Кина и Пакистан објавија план од пет точки за „враќање на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток“. Планот произлезе од денешниот состанок на министрите за надворешни работи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој ќе понесе одговорност за работењето на СЈО?

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција упати серија обвинувања кон поранешни обвинители поврзани со поранешното Специјално јавно обвинителство, повикувајќи ги, како што наведуваат, да се соочат со сопствената одговорност пред да реагираат за најавеното
Go toTop