Исчезна по враќањето во клубот: Потрага по тинејџер по пожарот во Кранс-Монтана

January 2, 2026
1 min read

Потрагата по 16-годишниот Ахиле Барози трае од новогодишната ноќ, откако младиот Италијанец се вратил во клубот „Le Constellation“ за да ги земе своите лични работи. Според Би-Би-Си, тој влегол во клубот околу 1:30 часот по полноќ за да ја земе јакната и мобилниот телефон, по што семејството повеќе нема никакви информации за него.

Неговото семејство минува низ вистинска агонија. „Не знаеме каде е Ахиле. Се надеваме дека е во некоја од болниците“, изјави неговата тетка Франческа за Би-Би-Си.
„Не знаеме дали е сè уште жив“, додаде таа, опишувајќи го својот внук како прекрасно дете и талентиран сликар кој посетувал уметничко училиште во Милано.
„Само сакаме да го пронајдеме, тоа е сè“, порача очајната тетка.


Во меѓувреме, швајцарските власти соопштија дека формалната идентификација на загинатите и повредените сè уште е во тек.

Полицискиот командант Фредерик Гислер потврди дека досега се официјално идентификувани 113 од вкупно 119 повредени лица, додека постапката за идентификација на преостанатите шест сè уште трае. Меѓу идентификуваните има 71 швајцарски државјанин, 14 француски, 11 италијански, четири српски, еден државјанин на Босна и Херцеговина, еден Белгиец, како и по еден државјанин на Луксембург, Полска и Португалија.


Претседателот на кантоналната влада, Матијас Рејнард, изјави дека бројот на загинати во пожарот и понатаму се проценува на околу 40 лица. Началникот на швајцарската правосудна полиција, Пјер-Антоан Ленжен, нагласи дека продолжува официјалната идентификација на жртвите, што во моментов претставува „апсолутен приоритет“.

„Не смеат да се дозволат грешки. Мораме на семејствата да им ги вратиме точните посмртни останки“, изјави Ленжен.


Првата официјално идентификувана жртва е Италијанецот Емануеле Галепини, 16-годишен меѓународен голфер кој живеел во Дубаи. Властите предупредија дека идентификацијата на жртвите и утврдувањето на конечниот број загинати ќе потрае, бидејќи многу од телата се тешко изгорени.

Да потсетиме, пожарот избувна во четвртокот околу 1:30 часот по полноќ во барот „Constellation“ во Кранс-Монтана, популарна туристичка дестинација, особено меѓу младите кои ја славеле Новата година. Бројот на лица присутни во барот, кој се простира на два ката и според официјалната веб-страница има капацитет од најмалку 300 лица, сè уште не е официјално потврден, но се претпоставува дека во моментот на пожарот имало околу 200 гости.

Повредените се пренесени во повеќе болници, меѓу кои и во Лозана, Женева и Цирих, како и во соседна Франција и Италија.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Врнежи од ледени зрна на одделни патни правци, се апелира на зголемена внимателност

Следно

Ливерпул купува дефанзивец на Клуб Бриж за 50 милиони евра?!

Latest from Blog

Нова година, нов почеток: ПРВАТА НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА НА НИКОЛ КИДМАН ПО РАЗВОДОТ КАЖУВА СÈ

За холивудската миленичка Никол Кидман (58), изминатата година не беше меѓу најдобрите во нејзиниот живот. Светската јавност беше изненадена од веста за нејзиниот развод од кантри-ѕвездата Кит Урбан, со кого помина деветнаесет

Врнежи од ледени зрна на одделни патни правци, се апелира на зголемена внимателност

Центарот за управување со кризи вечерва информира дека на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и

Битола се подготвува за Бадник: Коњановски учествуваше во изработката на ѕвездите

Пред дестина дена започнаа подготовките за годинашната Бадникова поворка која ќе се одржи годинава и во Битола, како и во многу други градови и населени места во Македонија. На младите бадникари-деца од
Go toTop