Иранскиот претседател Раиси: Пламенот на бомбардираната болница во Газа ќе го зафати Израел

October 18, 2023
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Иранскиот претседател Ебрахим Раиси го осуди разорниот синоќешен напад врз Баптистичката болница во Појасот Газа, предупредувајќи дека нејзиниот пламен „наскоро ќе го зафати“ Израел, пренесува Анадолу.

Во соопштението објавено на платформата X доцна синоќа, Раиси вели дека „пламенот на американско-израелските бомби“ фрлени врз болницата во Газа „наскоро ќе ги зафати ционистите“.

„Молкот на кој било слободен човек не е дозволив пред ова воено злосторство“, нагласи тој, прогласувајќи го денешниот ден за ден на жалост во Иран.

Над 500 лица беа убиени во израелскиот воздушен напад врз баптистичката болница „Ал-Ахли“ доцна синоќа, изјави портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал-Кудра, за Анадолу.

Снимките на социјалните мрежи покажаа голем број тела низ болницата.

Воздушниот напад се случи на 11-тиот ден од судирот меѓу Израел и Хамас, а невладините групи и светските лидери нагласуваат дека израелската кампања на бомбардирање на опколената енклава, при што се бомбардирани и здравствени установи, куќи и храмови, го крши меѓународното право и можно е да претставува воено злосторство.

Претходно, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, исто така го осуди нападот врз болницата, опишувајќи го како „брутално воено злосторство“ и „геноцид“.

„Ционистичкиот режим, во продолжение на своите срамни злосторства против палестинскиот народ, со извршувањето на ова грозоморно и ужасно злосторство, уште еднаш ја покажа својата жестокост и бруталност кон сите“, рече тој.

Илјадници луѓе се собраа синоќа на плоштадот „Палестина“ во централен Техеран за да го поддржат палестинскиот народ и да го осудат нападот врз болницата во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Kaсами откри дека Израел ја нападна болницата во Газа и бара истрага

Следно

Комплексна реконструкција на подлактица направена на Клиниката за ортопедски болести

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop