Иран потврди: Израел стои зад кибернападот на бензинските пумпи

December 18, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Иранскиот министер за нафта, Џавад Овџи, потврди дека Израел извршил кибернапад врз интернет-системот што се користи на бензинските пумпи во земјата, јавува Анадолу.

Овџи разговараше со новинарите на бензинска пумпа на улицата Шаријати во Техеран, главниот град на Иран.

„Непријателите, ционистите и Американците, сакаат и на овој начин да ги доведат луѓето во неволја, бидејќи тие се погодени на други фронтови. Овој заговор веднаш ќе биде завршен“, рече Овчи.

Потсетувајќи дека сличен кибернапад се случил и претходните години, Овџи истакна дека бензинските пумпи се ракуваат рачно и дека се планира проблемот да се реши во рок од неколку часа.

Иранската организација за пасивна одбрана објави дека не го потврдува тврдењето дека имало кибернапад врз интернет-системот што се користи на бензинските пумпи низ земјата.

Министерството претходно соопшти дека проблемот се појавил на 60 отсто од бензинските пумпи и дека рачниот сервис се врши надвор од мрежата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Османи: Неодговорни политичари ризикуваат да ни се повтори грешката од Букурешт 2008

Следно

Габриел: Не се само уставните измени

Latest from Blog

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен

Неделна финансиска слика: инвеститорите во режим на претпазливост

Последната недела донесе силни осцилации на глобалните и крипто пазари, бидејќи контрадикторните пораки на Федералните резерви на САД создадоа нов бран на неизвесност. ФЕД ги намали каматните стапки за 25 базични поени

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

Според усогласениот компромисен став, останува првичната цел предложена од Европската комисија за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во однос на нивото од 1990-та, но на
Go toTop