Иран: Немаме намера да ја продолжиме операцијата, но нема да се двоумиме да одговориме на нов напад

April 14, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Иранскиот министер за надворешни работи Хусеин Емир Абдулахијан порача дека Иран нема намера да продолжи со нападите врз Израел, но нема да се двоуми да одговори на евентуален нов напад, пренесува Анадолу.

„Користењето на своето право на легитимна одбрана го покажува одговорниот пристап на Иран кон регионалниот и меѓународниот мир и безбедност“, напиша Абдулахијан на платформата за социјални мрежи Х.

Тој истакна дека директните напади врз Израел се завршени.

„Иран во овој момент нема намера да продолжи со одбранбените операции, но нема да се двоуми да ги заштити своите легитимни интереси од нов напад доколку биде потребно“, рече Абдулахијан.

Иран доцна синоќа лансираше низа беспилотни летала и ракети кон Израел како одговор на нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април.

Нападот, во кој загинаа седум ирански воени претставници, меѓу кои висок командант на Корпусот на Иранската револуционерна гарда, наиде на остри реакции од иранските владини претставници, кои ветија „решителен одговор“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иранскиот кореографски напад врз Израел ги нагласува границите на Техеран

Следно

Фидан разговараше со својот ирански колега: Туркије не сака понатамошна ескалација во регионот

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop