Иран негира вмешаност во нападот во кој загинаа тројца американски војници на сириско-јорданската граница

January 29, 2024
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Иран ги отфрли тврдењата за негова вмешаност во нападот во кој загинаа тројца американски војници во пограничниот регион меѓу Сирија и Јордан вчера, велејќи дека не се меша во одлуките на регионалните групи, пренесува Анадолу.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канаани, изјави дека „групите на отпорот“ во западноазискиот регион „не примаат наредби“ од Техеран за своите акции.

„Иран не се меша во донесувањето одлуки на овие групи како да ја поддржат палестинската нација или да се бранат себеси и својата земја од агресија и окупација“, додаде тој.

Тројца американски војници загинаа, а 30 се повредени во напад со беспилотно летало доцна синоќа, чија цел беше мала американска воена точка во Јордан, соопштија американските власти.

Тоа е првпат по 7 октомври американски војници да загинат во нападите извршени од ирачки групи, што предизвика силни реакции од највисоките американски претставници, вклучително и претседателот Џо Бајден.

Американскиот претседател вети дека ќе ги повика на одговорност оние што се вклучени во нападот, тврдејќи дека тој е „изведен од радикални милитантни групи поддржани од Иран што дејствуваат во Сирија и Ирак“.

Меѓу другото, Техеран веднаш негираше каква било вмешаност во нападот. Државната новинска агенција ИРНА ја цитираше постојаната мисија на Иран во ОН дека тој нема никаква мешаност во тоа.

Претходно Исламскиот отпор во Ирак, заштитничка група на милициите, во соопштение ја презеде одговорноста за „голем број таргетирања по должината на границата помеѓу Јордан и Сирија, вклучително и кампот Ал-Рукбан, кој е во непосредна близина на американската воена точка ‘Кула 22’“.

Канаани, отфрлајќи го американското тврдење, нагласи дека Иран „го следи развојот на настаните во регионот со подготвеност и внимателност“ и предупреди дека одговорноста за последиците од провокативните обвинувања е кај оние што ги изнесуваат неоснованите тврдења.

Портпаролот истакна дека Техеран постојано предупредувал за опасноста од проширување на опсегот на конфликтот во регионот поради континуираните израелски напади врз Газа, како и поддршката на САД за геноцидот врз Палестинците во Газа и на Западниот Брег.

„Војната во Газа не е решение, и ставањето крај на нападите на ционистичкиот режим врз Газа и итен прекин на огнот може да биде основа за враќање на мирот во регионот“, рече тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Како руски производител на борбени авиони продолжи да увезува делови од Западот и покрај санкциите?

Следно

Велика Британија ќе ги забрани електронските цигари за еднократна употреба

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop