Иран нападна четири американски воени бази на Блискиот Исток

February 28, 2026
1 min read

Целите вклучувале воздухопловната база Ал Удеид во Катар, воздухопловната база Ал Салем во Кувајт, воздухопловната база Ал Дафра во Обединетите Арапски Емирати, како и американската поморска флота во Бахреин, според иранската новинска агенција Фарс.

Министерството за одбрана на Катар соопшти дека ракетите биле насочени кон земјата и биле соборени од катарската воздушна одбрана. Сведоци изјавија дека слушнале експлозии во главниот град на Катар, Доха. Претходно во текот на денот, Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека земјата е „безбедна“, но внимателно ја следи ситуацијата по нападите на САД и Израел врз Иран.

„Ситуацијата во Катар е стабилна и безбедна и во моментов нема индикации што предизвикуваат загриженост за внатрешната безбедност“, соопшти Министерството.

Извор рече дека дел од персоналот на американската воздухопловна база во Катар бил евакуиран по нападите на Израел и САД врз Иран.

Во Кувајт беа вклучени сирени за воздушен напад, каде што се слушнале силни експлозии. Во Кувајт се наоѓа седиштето на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).

Во исто време, државната новинска агенција на Кувајт објави дека кувајтската армија пресретнала ракети во нејзиниот воздушен простор.

Претходно денеска, иранската државна телевизија официјално објави дека како одговор на заедничките напади на САД и Израел, силите на Техеран извршија ракетен напад врз седиштето на Петтата флота на САД во главниот град на Бахреин – Манама.

Силни експлозии одекнаа и во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати. Државната агенција на ОАЕ објави дека земјата делумно и привремено го затворила својот воздушен простор.

„Овој напад е грубо кршење на националниот суверенитет и меѓународното право, а ОАЕ го задржува правото да одговори на ескалацијата“, се вели во соопштението на ОАЕ.

Амбасадата на САД во ОАЕ, како и дипломатските мисии на САД во Катар и Бахреин, воведе режим на изолација за сите свои вработени и ги повика сите граѓани на САД на територијата на арапската земја да се самоизолираат до понатамошно известување.

Според медиуми, силни експлозии одекнле и во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. 

Сирија затвори дел од својот воздушен простор на југот од земјата, во близина на израелската граница.

САД и Израел почнаа да напаѓаат локалитети низ Иран денеска, вклучително и во главниот град Техеран, бидејќи тензиите меѓу земјите прераснаа во отворен конфликт. Иранските сили, исто така, лансираа бран ракети кон Израел. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алиу: Министерството нема да дозволи ниту еден од пациентите со ретки болести да чека ниту ден за овие лекарства

Следно

Божиновска: Објавен јавен повик за енергетска поддршка на граѓаните

Latest from Blog

Проданоски: Меморијалниот турнир „Илија Карески – Каре“ ја зацврстува спортската традиција на Прилеп

Во Прилеп се одржа петтиот меморијален меѓународен турнир во пинг-понг „Илија Карески – Каре“, настан кој веќе прераснува во значајна спортска традиција и симбол на заедништво и спортски дух. Турнирот, во организација

Божиновска: Објавен јавен повик за енергетска поддршка на граѓаните

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информира дека е објавен јавниот повик за пријавување на компании кои работат со високоефикасни инвертер клима уреди, во рамки на новата мерка за

Алиу: Министерството нема да дозволи ниту еден од пациентите со ретки болести да чека ниту ден за овие лекарства

Министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во однос на ретките болести истакна дека сменета е процедурата како да се стигне до тие лекови за пациентите со ретка болест. –

МЕПСО аплицираше за PECI статус за проектот „400 kV интерконекциски коридор Исток – Запад, Западна секција“

АД МЕПСО аплицираше за добивање PECI статус (Проект од интерес за Енергетската заедница) за проектот „400 kV интерконекциски коридор Исток – Запад, Западна секција“, препознаен како проект со значајно регионално и стратешко

По нападот врз Иран: Откажани сите фудбалски натпревари во Израел!

Израелската фудбалска асоцијација ги откажа сите натпревари закажани за денес во земјата, објави прес-службата на организацијата. Одлуката е донесена од безбедносни причини и во согласност со упатствата на локалното Министерство за внатрешни
Go toTop