Иран: Европа ги блокираше сите дипломатски канали со својата поддршка за Израел

August 7, 2024
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Али Багери изјави дека некои европски земји практично ги блокирале сите дипломатски канали неосудувајќи ја израелската агресија во регионот и го спречуваат Советот за безбедност на Обединетите нации да донесе ефективни одлуки против Тел Авив, јавува Анадолу.

Багери имал телефонски разговор со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг, се наведува во соопштението на иранското Министерство за надворешни работи.

За време на разговорот Бакери го информирал соговорникот за нападите на Израел во регионот и за тоа дека Израел стои зад атентатот на шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран и изјавил дека тие го сметаат овој атентат за „напад врз иранскиот национален суверенитет“.

Истакнувајќи дека некои европски земји молчат за израелските терористички акти што го кршат меѓународното право, Багери рече: „Оваа ситуација предизвика засилување на ароганцијата на криминалната група во Тел Авив и ширење на тензија и несигурност во регионот.“

„Неосудувајќи ги отворените терористички напади на ционистичкиот режим и спречувајќи го Советот за безбедност на Обединетите нации да донесе ефикасна одлука против овој режим, европската страна, всушност, ги блокираше сите дипломатски канали“, додаде Багери.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали Европа ќе возврати на провокативните потези на Унгарија?

Следно

„Вреди“: Интерпелацијата за претседателот на Собранието е анти-НАТО експеримент

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop