Ирак бара екстрадиција на Салван Момика, кој го запали Куранот во Шведска

June 29, 2023
1 min read

БАГДАД (АА) – Врховниот суд на Ирак презеде чекори за екстрадиција на Салван Момика, со ирачко потекло, кој го запали Куранот во Шведска, како и да му се суди во Ирак, пренесува Анадолу.

Претседателот на Врховниот судски совет, Фаик Зејдан, нареди да се преземат потребните правни дејствија за Ирачанецот кој запали примерок од Куранот во Стокхолм, главниот град на Шведска, да биде вратен во земјата и да биде изведен пред суд, објави ирачката новинска агенција ИНА.

Од друга страна, во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи на Ирак, се наведува дека ја осудуваат оваа акција против Куранот.

„Оваа акција е провокација против муслиманите. Ја повикуваме меѓународната заедница да преземе одговорност против сите форми на екстремизам“, се вели во соопштението, во кое се нагласува дека е изненадувачки што шведските власти го дозволиле тоа.

Ирачкиот шиитски верски и политички лидер Муктада ал Садр повика на протерување на шведскиот амбасадор во Багдад и на протести пред Амбасадата поради нападот врз Куранот.

Вчера, лице идентификувано како Салван Момика, по потекло од Ирак, запали копија од Куранот под полициска заштита пред џамија во Стокхолм.

Шведскиот апелационен суд на 12 јуни ја потврди одлуката на понискиот суд за поништување на забраната за палење на Куранот, пресудувајќи дека полицијата немала правна основа да спречи два протести за палење на Куранот претходно оваа година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Апелациониот суд на В. Британија го прогласи за незаконски планот на властите да ги испрати барателите на азил во Руанда

Следно

Покрената истрага против францускиот полицаец кој уби тинејџер

Latest from Blog

Скопје во центарот на регионалната енергетска соработка – прв форум посветен на зелената транзиција и жените во енергетиката

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалниот дијалог за иднината на енергетиката. Во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина од европскиот просек: Еве колку плаќаат граѓаните во ЕУ

Македонија има една од најниските цени на електричната енергија за домаќинствата во Европа, покажуваат најновите податоци за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, електричната енергија во Македонија е

Николоски: До крајот на мај автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно пуштен во употреба

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер

„Булмак 2016“ со нова мерка за работниците: Дополнителни 5.000 денари за редовност на работа

Компанијата „Булмак 2016“, која успешно стопанисува со рудниците Злетово и Тораница, продолжува континуирано да ги унапредува условите за работа на своите вработени. Како еден од најзначајните економски двигатели во источниот дел на

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен
Go toTop