ИО на СДСМ: Митрески утврден за кандидат за претседател на Собранието, Зечевиќ – за шеф на изборниот штаб на партијата

December 10, 2023
1 min read

Сите одлуки од вечерашното заседание на Извршниот одбор на СДСМ, како што изјави портпаролот на партијата, Дарко Каевски, се очекува да бидат потврдени на седница на Централниот одбор на партијата кон крајот на месецот

Актуелниот координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, ќе биде претседател на Собранието на сто дена пред изборите и ќе го замени Талат Џафери, кој во тој период ќе биде премиер на техничката влада.

Јован Митрески, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието / Фото: СДСМ

Номинацијата на Митрески за оваа функција, на предлог на партискиот лидер Димитар Ковачевски, едногласно е потврдена на вечерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ.

„Митрески е долгогодишен пратеник на СДСМ со големо искуство, вреден, отворен, чесен и посветен на интересите на граѓаните и државата, докажан во целиот негов досегашен ангажман во македонското собрание. Сигурни сме – Митрески ќе ја извршува функцијата на највисоко ниво и во интерес на граѓаните“,

изјави вечерва портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски, соопштувајќи го одлуките на Извршниот одбор.

Претседателот на Собранието се избира на пленарна седница во парламентот со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, односно со 61 глас.

Покрај изборот на Митрески за кандидат за собраниски спикер, на седницата на ИО на СДСМ вечерва се донесени уште неколку одлуки, меѓу кои и одлуката со која претседателот на партијата Ковачевски се овластува да ги започне подготвителните разговори и консултации со парламентарните партии во врска со техничката влада.

Дополнително, ИО го задолжи генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, да го подготви роковникот за постапката, начинот и критериумите за избор на претседателски кандидат согласно статутот на партијата.

Воедно, Извршниот одбор го предложи Зечевиќ за шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ.

Сите одлуки од вечерашното заседание на ИО на СДСМ, како што изјави портпаролот на партијата, се очекува да бидат потврдени на седница на Централниот одбор на партијата кон крајот на месецот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јован Митрески ќе биде претседател на Собранието, Зечевиќ шеф на изборниот штаб на СДСМ

Следно

Претпладне магла, преку ден сончево со мала облaчност

Latest from Blog

Касами најави нова фаза во ВЛЕН по распуштањето на партиското раководство на БЕСА

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови донесе одлука за распуштање на Централното претседателство на партијата, во рамки на процесот за спојување на коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект. Претседателот на

Руте: Земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Марк Руте, по завршувањето на денешниот состанок на министрите за одбрана во Брисел, изјави дека земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната, неопходна за

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција

Од утре 13.02.2026 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за

Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан

Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во
Go toTop