ИНЖЕНЕРОТ ЃОРГИЕВ за Нова Македонија: Рудникот „Злетово“ останува двигател на локалниот развој на општина Пробиштип и во иднина

November 6, 2025
1 min read

Рудникот „Злетово“ е најстариот активен рудник во Македонија и повеќе од осум децении обезбедува континуитет во локалната економија на општината Пробиштип. Геолошкиот потенцијал на ова наоѓалиште на олово – цинкова руда е документиран уште од 1928 година, кога рудникот во Пробиштип бил под концесија на англиска компанија, а до 1941 година се изградени патишта, термоцентрала, флотација и управни згради, односно целата инфрастуктура за индустриско производство на оловно-цинкова руда. Со мали прекини, „Злетово“ работи до денес. Заедно со „Тораница“ во Крива Паланка, рудникот во Пробиштип е во состав на „Булмак 2016“фирма-ќерка на Минстрој Холдинг од Бугарија.

Разговараме со инженер-геолог Денис Ѓоргиев, раководител на Геолошката служба во рудникот за олово и цинк „Злетово“, за тоа како со помош на  геологијата се истражува рудното наоѓалиште, како се оконтуруваат рудните блокови, се дава насока како да се одвиваат истражно-капиталните работи, според кој рударските инженери го планираат тековното производство – динамиката на откопување, методата на откопување, планирањето на новите откопи и слично. Ѓоргиев има 12 годишно искуство во рудникот, за кој вели дека според досегашните геолошки истражувања од страна на Геолошката служба, рудникот располага со геолошки резерви кои имаат солидна содржина на метали со кој може да се оствари рентабилно работење на рудникот во иднина и да се остварат планираните количини на концентрати. Ова ќе обезбеди стабилни приходи и за домаќинствата во општина Пробиштип како и за општинскиот буџет.

Целото интервју може да го прочитате на Нова Македонија

 

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски го презеде мандатот: „Скопје го менуваме од корен“

Следно

Јаневска: Новата Стратегија за образование ќе обезбеди континуитет на започнатите ефективни промени во ресорот

Latest from Blog

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop