Инвазијата на Газа ќе биде посмртоносна од американскиот „пекол“ во Фалуџа

October 24, 2023
1 min read

„Моето искуство од Фалуџа е дека кога се справуваш со искусен, како што знаеме, добро обучен и дисциплиниран непријател, ова не може да заврши како било што друго освен хаос,“ објаснува новинарот Роберт Каплан кој во април 2004 беше дел од единиците на маринците кои се бореа во Фалуџа.

Каплан зборува за Првата битка за Фалуџа, во која американските маринци извршија директен напад на градот кој и до тогаш беше епицентар на ирачките бунтовници, откако четворица американски платеници од Блеквотер беа убиени и запалени над еден од тамошните мостови.

Неколку денови по настанот маринците започнуваат со нападот. По три недели борба, загинуваат 27 американски војници, а убиени се 600 ирачки цивили и 200 бунтовници.

Процената на Каплан е дека каква било инвазија на Газа ќе резултира со голем број цивилни жртви, посебно ако се земе предвид дека Газа е едно од најгусто населените места на светот со 2 милиони луѓе кои живеат на 360 километри квадратни (Скопје зафаќа површина од 337 км2).

„Имајте предвид дека Фалуџа во тоа време беше далеку поретко населена отколку Газа денес. Таму немаа ни подземни тунели или што било такво. Немаше ниту станбени згради една до друга како што има во Газа. Не гледам како тоа може да биде изведено,“ објаснува Каплан.

Тој потсетува дека во Фалуџа непријателот има далеку подобро познавање на теренот од маринците, а нападите доаѓале од повеќе правци. И покрај обидите да се бираат метите, маринците не успеале да избегнат убивање на цивили, што исто така би можело да се повтори во Газа.

Препораката на Каплан е ИДФ да ја најде тенката граница меѓу враќањето на контролата врз Газа и претворање на судирот во целосна сталинградска битка, односно наместо целта да биде освојување на цела Газа, во неа да влезат само неколку единици со конкретни цели.

Во упадот во Израел Хамас има убиено најмалку 1.400 Израелци, а во израелските воздушни напади убиени се над 3.000 Палестинци. Хамас исто така има и над 200 заложници кои ги чува на непозната локација во Газа.

По нападот од Хамас израелската војска повика околу 360.000 резервисти кои треба да учествуваат во претстојната офанзива. За споредба, се проценува дека Русија има над 300.000 војници распоредени на стотици километри долгиот украински фронт.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува на фестивалот „Борини позоришни дани“ во Србија

Следно

Зекири излегува од притвор и доби преквалификација на делото

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop