(ИНТЕРВЈУ ЗА ФОКУС) Изет Меџити: Локалната власт е клучна за реални промени во животот на граѓаните

October 5, 2025
2 mins read

Инсистирањето на теми од високата политика во една локална кампања е честопати стратегија да се прикрие недостатокот на конкретни решенија за локалните проблеми. Граѓаните на Чаир се политички зрели и знаат дека нивните права се загарантирани со Уставот и законите. На ДУИ му недостасуваат имагинарни судири, му недостасуваат договорени конфликти со некои претходни влади и премиери. Тоа е единствената политика формула како ДУИ опстануваше на власт. Ние покажавме дека во политиката може и да се работи, да се создава и да се гради, вели во интервју за „Фокус“ кандидатот за градоначалник на Чаир од ВЛЕН, Изет Меџити.

По несогласувањата и разликите со раководството на ДУИ, Изет Меџити одлучи да формира нова партија и стана еден од фронтмените на коалицијата ВЛЕН, која по ланските парламентарни избори стана дел од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во рамки на оваа Влада, Меџити стана вицепремиер и министер за животна средина, но на претстојните локални избори одлучи да се кандидира за градоначалник на Чаир – функција што своевремено ја извршуваше неколку мандати. Во интервју за „Фокус“, тој говори што го мотивирало повторно да се натпреварува за градоначалничка позиција и какви решенија нуди, каков изборен исход очекува во Чаир и на изборите генерално, какви постизборни разврски се можни…?

Разговараше: Влатко СТОЈАНОВСКИ

 

ФОКУС: Зошто одлучивте повторно да се кандидирате за градоначалник на Чаир, откако по 3 последователни мандати од 2005 до 2017 година преминавте во законодавната власт како пратеник, а потоа станавте дел и од извршната власт како вицепремиер и министер за екологија? Зошто одлучивте дека по само година и пол треба да ја напуштите Владата и повторно да влезете во трка за градоначалник на Чаир, откако во 2 мандати оваа функција ја вршеше вашиот близок соработник Ганиу?

МЕЏИТИ: Мојата одлука да се кандидирам за градоначалник на Чаир не е чекор назад, туку чекор напред, кон граѓаните. Искуството што го стекнав како пратеник и како прв вицепремиер во Владата ми даде поширока слика и ми овозможи да обезбедам значајни проекти на централно ниво. Општина Чаир секогаш беше дом на моето политичко дејствување, но делувањето како дел од Владата ми помогна да обезбедам огромни средства за таа општина, како и за сите други.

Да се биде дел од Владата е и чест и предизвик, меѓутоа, со текот на времето, стана јасно дека вистинската промена, онаа што директно го допира секојдневниот живот на луѓето, се случува на локално ниво. Одлуките за иднината на нашата општина не смеат да се носат во затворени владини канцеларии, далеку од реалните потреби на граѓаните. Мојата задача во Владата, каде што обезбедивме стабилност и напредок на државата, е завршена.

Сега е време целото тоа искуство, сите контакти и целата енергија да ги вратам таму каде што припаѓам, во срцето на Чаир. Верувам дека токму од позиција на градоначалник можам најефикасно да ги решам конкретните проблеми со кои се соочуваат моите сограѓани, од сообраќајниот хаос и недостатокот на паркинг, до потребата за чисти улици и економски можности за младите. Ова не е напуштање на удобна позиција, туку преземање на најголемата одговорност, директната одговорност пред луѓето од кои потекнувам.

Целото интервју може да го прочитате на Фокус.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АСТРО ВОДИЧ: Оваа недела сè е преполно со емоции – некои ќе доживеат ненадејна средба, а некои емоционално раскинување

Следно

Орце Ѓорѓиевски ветува модернизација на сообраќајот и образованието во Ѓорче Петров

Latest from Blog

Тоневски: Детската градинка во Пробиштип добива зголемени капацитети

Градоначалникот Тони Тоневски денеска потпиша Договор за грант во Министерството за социјална политика, демографија и млади за унапредување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа за децата, во висина од 12.500.000

Проданоски: За сите проекти граѓаните ќе добиваат навремени и точни информации

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска одржа брифинг средба со претставници на медиумите, на која заедно со директорите на јавните претпријатија и општинските установи се разговараше за актуелните теми поврзани со работењето

Извршени смртните казни за тројца Иранци, учесници во неодамнешните протести во Техеран

Тројцата мажи беа прогласени виновни и одговорни за смртта на двајца припадници на безбедносните сили во главниот град Техеран. Обвиненијата вклучуваа убиство и „оперативни активности“ поврзани со САД и Израел. Смртните казни

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење во вторник на владина седница, а потоа во собраниска процедура

 Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе биде на седница на Влада, а потоа ќе биде процесиран во Собрание. Сметам дека за еден, максимум еден и пол месец, законот ќе биде
Go toTop