Интерпол се соочува со епидемија на прекуграничен организиран криминал

December 31, 2023
1 min read

„Бандите ќе стануваат се помоќни“, вели генералниот секретар на меѓународната полиција

Интернационалната полициска организација Интерпол соопшти дека е регистрирано зголемување на прекуграничниот организиран криминал и предупреди дека „бандите само ќе станат помоќни“, пренесе ДПА.

„Се соочуваме со невидена епидемија на прекуграничен организиран криминал. Глобално активните криминални групи стануваат помоќни, повлијателни, поопасни и склони кон насилство на нашите улици“,

истакна Јирген Сток, генерален секретар на организацијата.

Според него, борбата против организираниот криминал треба да ја води целото општество, бидејќи е загрозена стабилноста на заедниците.

„Ниту една земја или регион не може сама да се справи со безбедносната криза“,

заклучи шефот на организацијата со седиште во Лион.

Со 196 земји-членки, Интерпол е најголемата полициска организација во светот и ја координира меѓународната полициска соработка. Нејзиниот претходник беше структурата за соработка меѓу полициските власти, основана во 1923 година во Виена.

Преку Интерпол, земјите-членки разменуваат информации за барани лица.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) NMK наместо МК или MKD не на регистарските таблички туку на производи по маркетите

Следно

Од ВМРО-ДПМНЕ ја честитаат Новата година со смешни видеа!

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop