Интензивна дипломатска активност на Божиновска на форумот за трансатлантска енергетска соработка во Атина

November 8, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на министерскиот состанок што се одржа во рамки на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Атина, со учество на министри за енергетика од повеќе од дваесет европски земји.

На маргините на самитот Божиновска оствари низа значајни билатерални средби посветени на зајакнување на регионалната соработка, инфраструктурното поврзување и диверзификацијата на енергетските извори. Освен со американскиот секретар за енергетика, Крис Рајт, и грчкиот министер за енергетика, Ставрос Папастравру, министерката Божиновска оствари средба и со министерот за енергетика на Бугарија, Жечо Станков, на која се разгледаа тековните и идните активности поврзани со регионалната енергетска соработка меѓу Македонија и Бугарија, со посебен акцент на стратешките инфраструктурни проекти во електроенергетскиот и гасниот сектор.

Двајцата министри ја истакнаа важноста на проектот East – West Transmission Corridor (EWTC) како клучна иницијатива за зајакнување на регионалната поврзаност, интеграција на пазарите и зголемување на капацитетите за обновлива енергија, во согласност со целите на Европскиот зелен договор.

Во разговорите беше подвлечена и иницијативата на Бугарија за проширување на гасната инфраструктура во близина на македонската граница, што ќе придонесе за поголема достапност и пониска цена на гасот, како и за зголемена енергетска сигурност во регионот. Во таа насока, двете страни се договорија за организирање на заедничка средба меѓу претставници на двете земји за подобра координација и размена на информации за заедничките проекти.

Божиновска имаше и конструктивна средба со извршниот директор на грчкиот независен оператор за пренос на електрична енергија (IPTO – ADMIE), г. Манусакис, на која се разговараше за продлабочување на техничката соработка и за можности за нови интерконекциски врски кои ќе придонесат за стабилен и одржлив регионален енергетски систем.

„Вниманието кон Македонија на P-TEC форумот беше јасно – тоа е потврда дека нашата земја е активен и доверлив партнер кога се зборува за енергетска стабилност, стратешки инвестиции и сигурна иднина за регионот“, изјави министерката Божиновска.

Таа изрази особена благодарност до премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, и до грчкиот министер за животна средина и енергетика, Ставрос Папастравру, за поддршката и вниманието што го посветија кон Северна Македонија.

На маргините на форумот, министерката разговараше и со хрватскиот министер за економија Анте Шушњар, кипарскиот министер за енергетика, трговија и индустрија Ѓоргос Папанастасиу, како и со Дите Јул Јоргенсен, генерална директорка за енергетика во Европската комисија.

Форумот P-TEC, кој ги обединува енергетските министри од 25 земји од Европа и Северна Америка, претставува водечка платформа за дијалог и координација на политиките во насока на сигурна, чиста и поврзана енергетска иднина.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка и Алкалоид со најголем неделен промет, МБИ10 со раст од 0,09%

Следно

Вардар се чисти: Багерите работат на отстранување на отпадот кај Камениот мост

Latest from Blog

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни

,,Доктор Филипче потпиша евтаназија на СДСМ‘‘

„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само)убиство со умисла!‘‘. Оваа порака со која поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДСМ, Петре Шилегов

Зидан се појави на КАФ за да навива за својот син кој брани за Алжир

Легендарниот француски фудбалер, Зинедин Зидан, беше присутен на трибините на стадионот „Мулај Ел Хасан“ во Рабат на натпреварот меѓу Алжир и Судан на Купот на африканските нации. Причината е тоа што неговиот

Песков: Преговорите за Украина треба да се водат зад затворени врати

Руската страна сè уште верува дека преговорите за решение на конфликтот во Украина треба да се водат зад затворени врати, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. Во својата изјава за РБЦ,
Go toTop