Интелигенцијата е хендикеп за секс

March 22, 2023
2 mins read

Интелигенцијата (би требало да) е една од најатрактивните квалитети кои жените ги бараат кај партнерот. Нив (би требало да) ги привлекуваат мажи со добро образование, мажи кои размислуваат критички и мажи кои можат да се вклучат во интересен разговор. Гените за IQ покриваат голем дел од геномот и интелигенцијата (би требало) позитивно да корелира со речиси сè што сметаме дека е пожелно, од општествен ангажман до атлетски способности.

Значи, има многу смисла жените да бираат по интелигенција. Притоа, тие добиваат не само директни придобивки за себе, туку и „еугенска премија“ во форма на генетски подобро потомство.

Па сепак, има многу дупки во теоријата за сексуалната селекција.

Прво, постои значителен јаз помеѓу она што луѓето тврдат дека го сакаат и она што реално го сакаат. Тоа е добро проучен феномен наречен ‘пристрасност на социјална пожелност”. Тоа е она кога испитаник дава одговори (свесно или потсвесно) за кои мисли дека би го задоволиле истражувачот или пак се соодветни на важечките норми. Многу од студиите кои тврдат дека жените ги привлекуваат попаметни мажи се вакви анкети.

Истражување меѓу мажи и жени барало да се рангира значењето на физичкиот изглед, личноста и парите, пред да се донесе одлука за  состанок со партнер. Пред експериментот, жените го оценувале физичкиот изглед како најмалку важна особина. На крајот тоа испаднало нивен најголем приоритет, дури и поважен отколку што бил за мажите, додека личноста и парите биле на второ и трето место за двата пола.

„Луѓето имаат тенденција да избираат партнери со слични социјални, психолошки и физички особини (висина, тежина, боја на очите итн.). Тоа генерално значи дека жените претпочитаат мажи кои се во одреден сет на параметри во однос на себе – не премногу паметни, не премногу глупави“, пишува еволутивниот антрополог Чимоку Санџин.

Доколку сексуалната селекција беше фактор за порастот на интелигенцијата низ човековата еволуција, би очекувале таа да биде поистакната уште од минатиот век во индустријализираните општества каде поединците, особено жените, имаат повеќе сексуална слобода и слобода на избор. Сепак, трендот на намалување на генетската интелигенција сугерира дека нешто со теоријата не е в ред.

Кога интелигентните мажи би биле попривлечни, биологијата на жените кај потенцијалниот партнер би барала сигнали за интелигенција. Во овој поглед, интересна мерка е големината на мозокот. Луѓето со поголем мозок се во просек попаметни, а луѓето со поголем мозок имаат тенденција да имаат поголеми глави. Сепак, жените не ги привлекуваат мажи со голема глава, тоест главуџи.

Неодамнешна студија не само што утврдува дека интелигенцијата не ги зголемува шансите туку открива и мал, но значаен ефект – во спротивна насока!

Побитно од интелигенцијата било мажот да има смисла на хумор а најбитно да е физички привлечен. Притоа, лошиот ефект на интелигенцијата не доаѓал од таму што жените можеби погрешно процениле нечија интелигенција. Не, напротив, тие сосема прецизно детектирале IQ, ама, тоа не им било привлечно.

Можеби тука има еден машки трик околу кој може да се шпекулира. Бидејќи интелигенцијата не ги води кон жени какви што би сакале, паметните мажи можеби ги вложуваат своите когнитивни предности во стекнување богатство и пожелни социјални позиции за на тој начин индиректно да дојдат до најпосакуваните жени.

Видете ја оваа јака дружина. Колкумина од овие бекрии би добиле преодна оценка, освен можеби еден, и тоа не заради изгледот?

Во една студија со депресивен наслов„Паметните тинејџери немаат секс“ се открива дека сексуално најактивните индивидуи биле во опсег од 75-90 IQ кај мажите. Оние со коефициент на интелигенција над 130 имале 3 до 5 пати помали шанси да имаат сексуален однос од оние со просечен коефициент на интелигенција.

Најлошото за крај: паметните не само што имаат помалку шанси за секс од просечните туку и од оние чие ниво на интелигенција може да се дефинира како интелектуална попреченост (60).

Кај девојките, кривата на шанси за секс во однос на интелигенцијата е многу посиметрична.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Следно

Радио Слободна Европа започна нова програма на руски јазик за балтичките земји

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop