Институционална поддршка за артистите во Чаир потврди Меџити

August 23, 2025
1 min read

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина, како и кандидат за градоначалник на Општина Чаир од ВЛЕН, Изет Меџити, оствари средба со уметниците од општината

На разговорот, како што истакна Меџити, било отворено дискутирано за предизвиците со кои се соочуваат артистите, како и за нивните потреби и барања.

,,Забележав јасна порака: уметноста не смее да остане на маргините, туку треба да го добие заслуженото место во општеството. Тоа значи подобри услови за работа, поголем простор за создавање и институционална поддршка“, рече Меџити.

Тој додаде дека општество кое вложува во уметноста и уметниците гради поотворена и посензитивна заедница. „Артистите се душата на Чаир. Нивната креативност е наш идентитет и обврска ми е нивниот глас да се претвори во конкретни дела“, потенцираше кандидатот на ВЛЕН.

Меџити нагласи дека поддршката за уметничката заедница ќе остане еден од неговите приоритети, со цел Чаир да стане пример за општина која ја цени и развива културата.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Халид Бешлиќ е итно хоспитализиран во клиничкиот центар во Сараево

Следно

Ѓорѓиевски: Искуството од Кисела Вода е модел за Скопје

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop