Инфантино упати писмо со честитка до Омерагиќ

December 24, 2024
1 min read

Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) испрати писмо со честитки до Масар Омерагиќ за неговиот избор за претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Во писмото со честитки, првиот човек на ФИФА вели дека е убеден во потенцијалот на нашиот фудбал и ја истакнува личната поддршка и отвореноста на Светската фудбалска Асоцијација за ФФМ.

-Вашето знаење и лидерство, вашата страст и искуство несомнено ќе имаат важно влијание врз развојот на нашата прекрасна игра во Македонија. Убедени во потенцијалот на фудбалот во земјата, можете да сметате на мојата лична поддршка и на помошта на ФИФА за да ја постигнете оваа цел. Вратите на ФИФА се секогаш отворени доколку сакате да разговарате за нашиот спорт, неговиот развој и промоција на неговите вредности. Ви посакувам вам и на вашиот тим многу среќа и успех во сите предизвици што претстојат, во создавањето и сведочењето на трајно наследство за иднината на фудбалот во Македонија, се вели во писмото на Инфантино до Омерагиќ.

Писмо со честитка за изборот на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) упати и Генералниот секретар на ФИФА, Матиас Графстром.

Првиот оперативец на Светската фудбалска Асоцијација во писмото со честитка до претседателот Омерагиќ ја истакнува подготвеноста на ФИФА за реализација на визијата на ФФМ под водство на новото раководство.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиријците кои трагаат по исчезнатите роднини пребаруваат низ личните документи пронајдени во притворен центар во Дамаск

Следно

Турскиот претседател Ердоган го прими лидерот на либанските Друзи

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop