Инфантино: Роналдо може да игра на Светското клупско првенство

May 24, 2025
1 min read

Кристијано Роналдо останува актуелен за претстојниот клупски мундијал и покрај фактот што неговиот тим Ал Наср не избори место меѓу тимовите кои ќе се натпреваруваат на турнирот во САД.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино во последната изјава открил дека постојат „одредени преговори“ за Португалецот да биде дел од мундијалот.

Гостувајќи во емисија на познат јутјуб стример, Инфантино открил дека Роналдо може да настапува за друг клуб.

– Роналдо може да игра на Светското клупско првенство.

– Има разговори со одредени клубови, па ако некој клуб е сериозен да го ангажира Роналдо за овој турнир, којзнае… – рекол првиот човек на ФИФА.

Во игра за потписот на Португалецот може да бидат повеќе клубови кои не се европски претставници, а најмногу се шпекулира со бразилски Ботафого.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестинска докторка загуби 9 од своите 10 деца во израелски напад

Следно

Мицкоски повика на единство за место во играта на големите на политичката сцена

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,
Go toTop