Индија: Зголемени безбедносни мерки околу џамијата Џама поради усвојувањето на амандманот за Одборот за вакаф

April 4, 2025
1 min read

ЊУ ДЕЛХИ (AA) – Индиските безбедносни сили, вклучително и припадниците на Силите за брза интервенција, беа распоредени околу месџидот Џама во главниот град Њу Делхи пред петочната молитва, јавува Анадолу.

Зајакнатите безбедносни мерки следуваа по долгоочекуваното усвојување на предлог-законот за Одборот за вакаф од 2025 година, кој неодамна беше одобрен од двата дома на Парламентот.

Главната индиска опозициска Конгресна партија денес порача дека ќе го оспори пред Врховниот суд неодамна усвоениот предлог-закон кој ги ревидира законите што гo регулираат вакафот и што беше поздравен од премиерот Нарендра Моди како главна пресвртница за реформи и транспарентност.

Контроверзниот предлог-закон, кој се однесува на вакафот, земјиште или имот дониран од муслиманите за религиозни, образовни или добротворни цели, помина во двата дома на Парламентот и покрај остриот отпор од опозициските партии и муслиманските организации.

Претходно денес, предлог-законот е усвоен од Горниот дом Раџа Саба, откако беше претставен од Владата предводена од Моди во услови на зголемено политичко и општествено противење.

Високиот лидер на Конгресната партија, Џајрам Рамеш, потврди дека партијата „многу наскоро ќе ја оспори во Врховниот суд уставноста на предлог-законот за вакафот од 2024 година.

Неговите коментари дојдоа откако претседателот на Конгресната партија, Маликарџун Карге, го осуди предлог-законот, велејќи дека е воведен за да „ги малтретира малцинствата“. Карге го критикуваше начинот на неговото донесување, истакнувајќи дека за време на гласањето во Долниот дом, или Лок Сабха, 288 пратеници го поддржале, додека 232 биле против.

Законодавството наиде на силна осуда од муслиманските граѓански здруженија. Џемаат-е-Ислами Хинд го нарече предлог-законот „директен напад врз верските слободи и уставните права“.

„Усвојувањето е за голема осуда“, рече претседателот на групата, Саид Садатула Хусаини, во изјавата, обвинувајќи ја Владата за поткопување на правата на малцинските заедници.

Сепак, Моди и членовите на неговата владејачка партија Бхаратија Џаната (БЈП) го правдаа законот како потег кон поголема транспарентност и правичност.

На X, Моди напиша дека усвојувањето на законот означило „одлучен момент во нашата колективна потрага по социоекономска правда, транспарентност и инклузивен раст“.

„Ова особено ќе им помогне на оние кои долго време останаа на маргините, на оние со ускратен глас и можности“, рече тој, додавајќи дека вакафскиот систем со децении немал „транспарентност и непристрасност“.

„Сега ќе влеземе во ера во која рамката ќе биде помодерна и почувствителна на социјалната правда“, додаде Моди. „Остануваме посветени во давањето приоритет на достоинството на секој граѓанин. На овој начин градиме посилна, поинклузивна и посочувствителна Индија“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гиновска: Одговорно трврдам дека цијанид неколку стотици пати над дозволеното во Крива Река нема

Следно

Турскиот претседател Ердоган: Сè уште не е одреден датумот за посетата на САД

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по
Go toTop