Independent пишува за успесите на македонската Влада во отворањето на нови авиолинии

November 19, 2025
1 min read

Еден од најголемите весници во Велика Британија, Independent пишува за успесите на македонската Влада во отворањето на нови авиолинии.

Во анализа насловена како „Традицијата се среќава со иновацијата во Охрид, срцето на Балканот“, влијателниот весник пишува дека „некогаш мирен град покрај езеро, познат по своето спокојство и наследство, Охрид се трансформираше во жив центар на нова ера на балкански туризам“.

-Со владина поддршка и стимулации од авиокомпаниите што ја зголемуваат пристапноста, туристичката индустрија во Македонија брзо добива на интензитет. Сепак, земјата, и самиот Охрид, сè уште се чувствуваат како скриен бисер, нудејќи спокојство што не може да се најде кај некои од нејзините попрометни европски соседи, пишува Independent.

Не штедејќи убави зборови за прекрасниот Охрид, британскиот медиум објави и пофални зборови за владините политики кои го кренаа туризмот на високо ниво.

-Познат по своите историски споменици и прекрасна природна убавина, Охрид е една од најстарите градови во Европа. Нуди навистина уникатно искуство за посетителите, кои можат да шетаат по шармантните калдрми на Стариот град, да истражуваат антички локалитети или да се релаксираат покрај езерото од областа на УНЕСКО. Неверојатно бистрите води на езерото се совршени за пливање, едрење или едноставно уживање во погледот од лежалка или бар покрај езерото. Сепак, додека Охрид им нуди на посетителите фасцинантен прозорец кон едно дамнешно време, овој прекрасен град во Македонија се појавува и како нов туристички центар со напреден поглед, и на регионално и на локално ниво, се наведува во анализата.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Екипите продолжуваат со работа, состојбата во Битола е под целосна контрола

Следно

Проданоски: Граѓаните на Прилеп активно учествуваат во креирањето на буџетот за 2026 година

Latest from Blog

Американски и ирански претставници одржаа одделни средби со пакистанскиот премиер

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, се сретна со Шариф, а на состанокот присуствуваа и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер. Шариф изрази надеж дека разговорите ќе послужат како
Go toTop