Имотот на пратеникот Ковачевски поголем за еден стан и куќа од имотот на премиерот Ковачевски

July 25, 2024
4 mins read

Во последната година од премиерскиот мандат, Димитар Ковачевски го зголемил својот имот за еден стан и една куќа. Ова го покажува споредбата на двата анкетни листа што ги поднел до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)- првиот кога стана премиер во јануари 2022 година, а вториот кога стана пратеник во јуни 2024.

Пратеникот Ковачевски за Радио Слободна Европа вели дека транспарентно сите промени на имотот ги пријавил во Антикорупцијата комисија.

Откако истекоа роковите за доставување на новите анкетни листови на функционерите, антикорупционерите во следниот период ќе работат на проверка на податоците добиени од нив.

Според новиот анкетен лист, Ковачевски поседува вкупно четири стана и една куќа. Еден од становите е во сопственост на неговата сопруга Елена. Пријавената вредност на недвижниот имот изнесува 365 илјади евра.

Ковачевски кога седна на премиерското столче во јануари 2022 година, во ДКСК пријави дека поседува недвижен имот вреден 248 илјади евра, што е за над сто илјади евра помалку од сегашната состојба.

Тогаш Ковачевски пишал дека има три стана во Скопје, првиот од 70 метри квадратни, вториот од 83, додека третиот со површина од 94 метри квадратни.

За споредба, во новиот имотен лист го нема станот со големина од 94 метри квадратни купен во 2008-мата година.

Но, има нови два во општина Карпош со големина од по 73 метри квадратни и една куќа во населбата Волково со големина од 76 метри квадратни. Вкупната вредност на овие недвижности, според анкетниот лист, изнесува 180 илјади евра.

Анкетен лист на пратеникот од СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски

Анкетен лист на пратеникот од СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски

Ковачевски вели дека го продал станот кој го поседувал од 2008-та година и дека со тие пари, како и со продажбата на автомобилот „Пасат“ купил помали станови во изградба.

„ И наплатив дивиденда, која што ми беше ненаплатена дивиденда поради ковид кризата, од фирмата во која што имав акции порано, кои пред да станам заменик министер за финансии ги отстапив и си ги повлеков средствата, си ја наплатив и дивидендата од 3,4 милиони денари, и со тие средства ги купив помалите станови, а тоа се е пријавено во Антикорупциска“, одговори Ковачевски за РСЕ.

Податоците од анкетниот лист покажуваат дека Ковачевски сега поседува „цитроен Ц3“ купен во 2023 година, а произведен 2018 година.

Според купопродажниот договор до кој дојде Радио Слободна Европа во јуни лани Ковачевски исплатил 26 илјади евра за куќа од вкупна површина од 76 метри квадратни и двор од 393 метри квадратни. Но, во новиот имотен лист кој го доставил до Државната комисија за спречување на корупција, не го внел дворот на куќата.

Според продажните цени на агенциите за недвижности во Волково, најниската цена за куќа од 90 метри квадратни во моментов изнесува речиси 50 илјади евра.

„Тоа е викендица, не е куќа, во вонплански регион, да е во Центар е друга работа, куќата е 1989 година правена и треба да се реконструира“, објаснува Ковачевски.

новата куќа на пратеникот Димитар Ковачевски

новата куќа на пратеникот Димитар Ковачевски

Ковачевски ги купил становите во период од 2018 до 2024 година

Новиот анкетен лист покажува дека првиот од четирите стана кои сега ги поседува Ковачевски го купил во 2018 година, по цена од 850 евра за метар квадратен, додека вториот го купил во 2021 година, непосредно пред да седне на премиерското столче, по оставката на неговиот сопартиец Зоран Заев. Неговата вредност изнесува 92 илјади евра, односно по 1105 евра за метар квадратен.

Следната инвестиција во недвижности, Ковачевски ја направил во 2023, кога купил стан по 1300 евра за метар квадратен во општина Карпош. Според информациите на пазарот ,во моментов, еден метар квадратен станбен простор во Карпош изнесува од најмалку 1500 до 2500 евра, во зависност од локацијата. Колку е поблиску до центарот на градот толку е поскапо. На пример, сега становите во изградба во населбата Тафталиџе се продаваат по најмалку 1700 евра за метар квадратен.

Станот купен во 2024 година во истата општина е на име на неговата сопруга и изнесува 94 илјади евра, односно 1300 евра по метар квадратен. Анкетниот лист на ДКСК е обновен во јуни годинава, откако е назначен за пратеник, тоа значи дека овој стан семејството Ковачевски го купило додека тој се уште бил премиер.

Според податоците од Народната банка, лани цената на становите „рипна“ за 12,2 проценти во однос на претходната година. Според индексот на цени, последните четири години цената на квадратот е повисока за 40 отсто споредено со 2010 година.

„ Тоа се станови во изградба, карабина, јас после ќе треба да ги средувам, платени се целосно во предпродажба, и други купувале така, па после го средуваш кога ќе дојде време, попуст не сум добил“, додава Ковачевски.

Имотот на премиерите ретко се впишува на свое име во анкетните листови

Инвестициите во недвижности се чини дека се омилени за речиси сите македонските поранешни премиери, но дали недостига транспарентност. Понекогаш за нив јавноста дознаваше откако нивниот премиерски мандат ќе заврши.

На пример претходникот на Ковачевски, сопартиецот Зоран Заев во анкетниот лист во 2017 година навел дека има имот „тежок “ 728 илјади евра, но нема недвижности на свое име.

Куќата , деловниот простор, станот во Струмица, земјоделското земјиште во Муртино и акциите вредни околу 200 илјади евра напишал дека им припаѓаат на неговите родители и сопругата.

Додека беше Заев премиер, тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека поседува хациенди во Грција, но тој јавно ги негираше тие информации. Додека имотот и бизнисите на роднините на Заев, како станот на неговиот братучед во Дубаи, беа дел од јавниот интерес, сепак, според јавно достапните информации, тоа не беше дел од проверките на надлежните.

„Јас немам имот надвор од државата. За имотот на моите роднини нив ќе ги прашате“, одговорил кусо Заев на тогашните обвинувања.

Слична беше состојбата и со неговиот претходник од десничарската ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој не пријави во Антикорупциската комисија дека има станови на свое име. Додека беше на власт, надлежните не спроведуваа проверки за неговиот имот.

Неговите пет стана ги откри поранешното Специјално обвинителство. Според нивната тогашна истрага, тој поседувал пет стана кои се воделе на име на неговата мајка Надежда, еден на секретарката и еден на фирмата.

Државата му ги конфискуваше становите и најавуваше нивна продажба, за која во јавноста нема информација дали е спроведена. Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра.

Претходниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски покрај политиката, се занимава и со градежен бизнис. Тој е косопственик на две градежни фирми.

Новиот премиер, Христијан Мицкоски во својот анкетен лист, кој го доставил во мај годинава по назначувањето на пратеник, навел дека поседува куќа во Влае на имот со површина од 343 метри квадратни и во вредност од 437 илјади евра.

Дополнително податоците во имотниот лист на Мицкоски покажуваат дека тој поседува неколку рачни часовници, чија заедничка вредност изнесува 52 илјади евра, и уметнички слики вредни речиси 10 илјади евра.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нетфликс во еден ден има повеќе гледачи од ЕплТВ+ во цел месец

Следно

Израелската Армија потврди дека извлекла тела на 5 заложници од Газа

Latest from Blog

Премиерот Мицкоски денеска во Костал: Трета инвестициска фаза од 40-45 милиони евра и 250 вработувања

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Собраќајот се одвива непречено и по претежно суви коловози

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може

Таеквондистот Дејан Георгиевски се враќа со сребрен медал од Г1 Светскиот куп во БиХ

Сребрен медал освои македонски таеквондист Дејан Георгиевски од Босна и Херцеговина Опен Г1. Нови вредни бодови за Георгиевски на патот до обезбедување норма за учество на следните Летни олимписки игри во Лос Анџелес 2026.

„Храбар и решителен“, Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја претстави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело кое повторно го привлече вниманието на светската јавност. Во книгата, Меркел пишува за својот приватен и професионален живот, ставајќи

Зоран Заев е единствениот политичар од Балкан што Меркел го споменува во нејзините мемоари

„На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’, објави Михаел Мартенс, прославениот новинар на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг
Go toTop