Имаме и македонски модел за уставни измени, рече Ковачевски за тоа дали е прифатлив хрватскиот пример

April 5, 2023
3 mins read

Премиерот вели дека не е само хрватскиот модел што го предлагаат партиите, туку има и други модели како предлог од други партии, но според него државата има и македонски модел и треба да се оди со политичка волја и македонска визија за европска Македонија. Своите предлози за уставни измени, рече тој, партиите ќе може да ги дадат во рамки на работната група во која ќе членуваат врвни експерти по уставно право

Премиерот Димитар Ковачевски порака дека земјава има и македонски модел за уставни измени и оти обврска на сите политички партии е да ги поддржат ваквите стратегиски одлуки важни за државата.

Ваков одговор тој даде на прашање на хрватските новинари дали е прифатлив предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени да бидат според хрватскиот модел.

Ковачевски рече дека не е само ВМРО-ДПМНЕ, туку и други партии имаат свои видувања, па така некои предлагаат и швајцарски, а трети и белгиски модел.

„Вие споменавте хрватски модел, други политички партии излегоа со свое видување според некој друг модел, трета денеска излезе со свое видување по трет модел. Јас сметам дека ние имаме и македонски модел бидејќи секогаш сме се бореле за македонска држава, за македонски јазик за кој се изборивме во преговарачката рамка и во Договорот ФРОНТЕКС, за идентитет за кој се изборивме во преговарачката рамка, и сметам дека треба да продолжиме со македонски консензус, македонската политичка волја и македонска визија за европска Македонија. На крајот, обврска на сите политички партии во државата, исто како што било обврска на партиите во Хрватска кога пристапувала во ЕУ, е да ги поддржат стратегиските одлуки на државата и тие да не станат предмет за дневно-политичка борба“,

рече Ковачевски на заедничка прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој денеска е во официјална посета на земјава.

За дневно-политичка борба, рече тој, има други прашања за кои може да се натпреваруваат со партии, но интеграцијата во ЕУ за што се потребни уставните измени е стратегиско прашање.

„За дневно-политички прашања постојат други прашања за кои може да се разговара со политичарите, опозицијата и коалициските партнери, но ова се важни одлуки за иднината на сегашните и идните генерации кои сакат подобар животен стандард, сакаат врвни демократски институции, функционални услуги во своите држави, а тоа се добива кога државата ќе ги воспостави критериумите, практиките, процедурите и законите согласно европското законодавство и нивното функционирање на начин како што функционираат во ЕУ. Македонските граѓаните сакаат да живеат во ЕУ, но сакаат да живеат во ЕУ дома, а не во туѓина во држави кои се членки на Унијата“,

додаде премиерот.

Предлозите за уставни измени, рече тој, партиите ќе може да ги дадат во рамки на работната група во која ќе членуваат врвни експерти по уставно право.

Исто така, Ковачевски потсети дека од Министерството за правда веќе испратиле покани до партиите да номинираат свои претставници во работната група. Оваа работна група ќе треба да ги изготви уставните амандмани кои ќе бидат ставени на дебата во општеството за да се запознаат сите, а потоа и ќе влезат во собраниска процедура.

Хрватскиот Устав изминатиот период често беше споменуван од претставници на власта како пример во кој има набројано најмногу заедници, а во контекст на тоа дека нема ништо страшно ако и во Преамбулата од нашиот Устав, покрај постоечките се вметнат и Бугарите, Црногорците, Хрватите и други заедници.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, која цврсто стоеше на ставот оти уставни измени нема да се случат под диктат и во овој парламентарен состав, пред неколку дена ѝ фрли ракавица на власта – ќе прифати уставни измени ако се според хрватскиот модел што самата власт го споменува. Овој модел би значел промена од мултиетничкиот во унитарен карактер на државата.

„Не знам дали се сигурни дека сакаат да биде според Преамбулата во хрватскиот устав. Јас сум подготвен, ако е тоа формулата за успех, уште утре да ја почнеме процедурата, да биде Македонија држава на еден народ и на малцинствата во нејзе. Еве, ако сакаат, уште утре да ја отвориме Преамбулата на македонскиот устав и да го направиме тоа според хрватскиот терк. Само да не се каат после, да не речат некои други етнички заедници не било баш така како што тие кажуваат. Инаку, ако сакаат според Преамбулата во хрватскиот устав, ние како ВМРО-ДПМНЕ таква уставна измена веднаш прифаќаме“,

рече лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски во изјава за медиумите на 1 април.

Со реакции и предлози се јавија и останати парламентарни партии, а вчера Министерството за правда соопшти дека очекува предлози за експерти во работната група која треба да се формира наскоро. Рокот за номинација на претставници е 10 април, а покрај партиите покана за номинација на претставници е испратена и до претседателот на државата Стево Пендаровски, Министерството за надворешни работи и Секретаријатот за европски прашања.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Seriali i suksesshëm Star Trek: Strange New Worlds do të kthehet në SkyShowtime këtë verë

Следно

Турскиот министер Чавушоглу остро ја осуди рацијата на израелската полиција во џамијата „Ал Акса“

Latest from Blog

„Храбар и решителен“, Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја претстави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело кое повторно го привлече вниманието на светската јавност. Во книгата, Меркел пишува за својот приватен и професионален живот, ставајќи

Зоран Заев е единствениот политичар од Балкан што Меркел го споменува во нејзините мемоари

„На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’, објави Михаел Мартенс, прославениот новинар на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

Македонија ги промовира своите позиции – уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас, истакна заменик претседателот на

Нетанјаху ќе го достави договорот за прекин на огнот со Либан на одобрување пред кабинетот за безбедност

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетатајаху изјави дека до кабинетот ќе го претстави нацрт-договорот за прекин на огнот со Либан, известува Анадолу. Нетанјаху објави видео-порака во која истакна дека времетраењето на

Мицкоски ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија
Go toTop